Наши вредности
ДОВЕРБА И ПОЧИТ
Довербата и почитта помеѓу нашите соработници и партнери се основа за квалитетна бизнис соработка. Ние го почитуваме интегритетот и профилот на секој партнер, цениме и почитуваме разноликост во мислења, култури и обичаи. Промовираме доста транспарентна и отворена комуникација. Со цел успешна реализација на нашата Визија потребни се, секој производител или производ, услуга и продажен канал подеднакво, како и знаењето и експертизата на нашите соработници и партнери кои се ослонуваат на нас. Имаме јасна цел и обврска да градиме, одржуваме и развиваме како и да промовираме постојано заедничка доверба и почит.
ОДГОВОРНОСТ
Одговорно ги исполнуваме нашите обврски кон нашите соработници и партнери. Ја почитуваме на највисоко ниво секоја наша обврска како Дистрибутер да бидеме доследни во исполнувањето на секоја наша задача, брзо и навремено без чекање, препознавајќи и решавајќи ги сите потреби и предизвици. Секој од нас е одговорен за себе и своите успеси, но и за успесите на нашата компанија и на нашите Партнери кои соработуваат со нас. Давајќи го својот максимум, секогаш обезбедуваме најсоодветно решение, како одговор на секое барање, поради што уживаме задоволство и лојалност од страна на нашите Партнери. Ги менаџираме нашите ресурси по принципите на квалитетен и одговорен корпорациски менаџмент, и делуваме одговорно кон сите информации, податоци, потреби и барања кои пристигнуваат до нас од страна на нашите Партнери.
ПРОАКТИВНОСТ
Да се биде проактивен, значи да се има претприемачки пристап и подготвеност во преземање на потребни чекори, иницијативи и ризици. Секогаш е потребно да се размислува неколку чекори однапред се со цел да се пресретнат потребите и барањата на нашите Партнери, да се реагира на истите проактивно, соодветно и навремено. Пристапуваме професионално и преземаме иницијатива во решавање на комплексни предизвици кои бараат брзи одговори и решенија. Бидејќи времето е единствениот необновлив ресурс, ние го мериме успехот како вкупно време потребно од примање на барањето, изработка на квалитетна понуда, до носење на одлука и финален резултат.
ФОКУС КОН ПАРТНЕРИ
Нашата ефективност и ефикасност се клучните фактори во поддршка на Паком Компани партнерите и соработниците. Нашиот фокус насочен кон нашите Партнери и соработници, подразбира стекнување доверба во нашата соработка, преку проактивен пристап, предвремено согледување на нивните потреби и споделување на клучни информации кои се важни за нашите Партнери. За да бидеме успешни во нашето работење, постојано следиме, истражуваме и ги анализираме сите иновативни промени и трендови на пазарот кои ги споделуваме, комуницираме со нашите Партнери на кои за возврат пак, сме им секој пат прв избор на Дистрибутер.
РАЗВОЈ НА ТИМСКА РАБОТА И ТИМСКИ ДУХ
Развиваме чувство на заедница и колегијалност во духот на „сите за еден, еден за сите“. Ваквиот пристап е посебно изразен кон експертска поддршка, давање совети, размена на мислења и долгогодишни искуства по пат на отворена и непосредна комуникација. Со почит кон различностите, и земајќи ги во предвид размислувањата на другите, промовираме работна етика и култура на корпоративно ниво. Ги препознаваме и почитуваме мислењата и согледувањата на нашите соработници, и славиме заеднички успеси. Поради тоа, цврсто застапуваме и охрабруваме тимска регионална и локална соработка, целосна поддршка и повеќедисциплинарен пристап кон различни бизнис процеси и активности.
ИНОВАТИВНОСТ
Благодарение на нашата љубопитност и неуморен дух, ентузијазмот и креативната упорност, М САН Група, нашите членки од соседните земји и Паком Компани го имаат постигнато овој успех до денес. За нас, новите проблеми, се нови предизвици кои ги дочекуваме подготвени, со отворен ум и енергија за да обезбедиме соодветни решенија и предлози за подобрување на постоечки процеси и процедури. Со новите решенија секој пат успеваме да ги исполниме очекувањата на нашите Партнери. Нашиот, пристап, развој и иновативност резултираат со нови вредности и дополнителни подобри резултати.
ОРГАНИЗАЦИЈА КОЈА ПОСТОЈАНО УЧИ
Обезбедување на нови компетенции е лична одговоност и обврска на секој поединец. Kреативниот пристап во работењето, откривање на нови сознанија, инкорпорирање на нови сугестии и искуства, и можноста секогаш да генерираме нови идеи е нешто што посебно почитуваме и наградуваме. Развиваме и аплицираме евалуациски систем за ефективност, менуваме тоа што не е добро, усогласуваме процеси и процедури во тренд со постојаните пазарни промени. Размената на знаења е од огромна важност за зголемување на организациската експертиза, што е впрочем и еден од нашите адути. Трансферот на знаење и искуство е потикнат со инволвирање на сите вработени во специјализирани, интердисциплинарни проектни тимови, учество во разновидни бизнис процеси и интерни работилници, кои се поголеми од ''само нашата канцеларија“.
Сите ние, особено раководството на нашата групација има обврска да обезбеди професионална и персонална помош и поддршка за своите вработени, со цел да обезбеди непречен развој и раст на секој поединец.
ПОЗИТИВНО РАБОТНО ОПКРУЖУВАЊЕ
Се стремиме да исполниме се што ќе кажеме, што е основа на секојдневна позитивна работна атмосфера. Се водиме по принципите на просперитет и успех, промовирајќи искрен и позитивен однос помеѓу вработените, заемна почит, лична и тимска надградба и меѓусебна поддршка. Секој индивидуален предизвик го решаваме индивидуално со позитивна и обновлива мотивација кон секој вработен и соработник.
БОГАТСТВО ОД РАЗЛИЧНОСТИ
За нас различностите се богатство. Нашите пазари изобилуваат со економска, културолошка и демографска разноликост. За Паком Компани најголемото богатство се колегите и вработените со сите нивни различни искуства, знаења, вештини, идеи и иницијативи. Таквото богатство и вредности се основа врз која го градиме нашиот успех и долгогодишен развој. Во сите наши процеси влијаеме на самите себе, на нашите колеги и партнери во позитивен дух, но и на целата околина која не опкружува. Се стремиме да поставиме вредности, да креираме нови работни места, и постојано да достигнуваме нови и повисоки нивоа на професионалност и квалитет во нашата индустрија.