Кариера

Човечки Ресурси

Која е нашата најголема предност?

Нашата најголема предност се нашите вработени, нивното знаење, искуство и вложен труд. Ова не е уште една веб приказна, ова е нашата вистина.

Динамично опкружување

Живееме во време на постојани новитети и промени, и затоа е важно да одржуваме баланс во секој момент. Поради тоа, секогаш се стремиме да обезбедиме баланс за секој вработен во приватниот и професионалниот развој. Доколку сте одговорна, динамична, креативна и проактивна личност фокусирана на тимска работа и на секој предизвик  му пристапувате отворено во работно опкружување кое Ви овозможува простор да се покажете, и сакате да работите заедно со нас во развој на својата понатамошна професионална кариера-контактирајте не. Ние ќе Ви дадеме можност за личен и професионален развој во динамична работна околина.

Процес на Селекција

Процес на Селекција

Лична професионална селекција е процес во кој од голема група на пријавени потенцијални кандидати за работа, ги идентификуваме оние кандидати кои имаат најголема можност и потенцијал за успех за определено работно место. Во процесот на селекција покрај резимето на кандидатот се земаат во предвид и други останати фактори. Колку повеќе се поклопуваат квалитетите на кандидатот и останатите фактори со моменталното слободно работно место, толку повеќе е изгледно кандидатот да постигне успех на работното место и да биде и самиот задоволен. Во Паком Компани и М Сан Групација процесот на селекција се извршува од страна на секторот за Човечки Ресурси и кандидатите се интервјуираат и евалуираат од страна на стручен тим на психолози од одделот за Човечки Ресурси.

Вашата апликација за работа можете да ја испратите на  https://careers.msan.hr каде ќе ни ги доставите сите потребни информации, Ваше резиме и дополнителна документација.

Селектираните потенцијални кандидати ќе земат учество во стандардизирано и сертифицирано психолошко тестирање, сочинето од когнитивни тестови и прашалници за евалуација на профил на кандидатите.

Процесот на психолошко тестирање е проследен со селекција по пат на интервју. За време на Вашето индивидуално интервју, психологот ќе има можност да стекне комплетна слика на Вашиот профил, да добие повеќе информации поврзани со Вашето знаење и искуство, како и да разбере повеќе што Ве мотивира, што Ви е важно во животот и кариерата , какви се Вашите комуникациски вештини и каков допринос можете да дадете доколку станете дел од тимот на нашата компанија.

Во зависност од моментални слободни работни места, можно е да  биде организирано и завршно интервју со надлежна одговорна личност, секторски, регионален менаџер или управител на членка од Групацијата за да се донесе финална одлука.

Откако ќе заврши периодот за селекција на потенцијални кандидати, регионалниот бизнис менаџер или упративел на друштвото ја носи финалната одлука за избраниот кандидат.

Сите кандидати ќе добијат одговор и информација за време на периодот за селекција на нови вработувања. Поради голем број на апликации, процесот на селекција и интервјуирање некогаш може и да потрае. Однапред Ви благодариме за Вашето трпение и разбирање.