Производство на компјутери
Нашиот производствен погон е одговорен за производство на целосно асемблирани компјутери и други компјутерски решениа и хардвер со прединсталација или можност на надградба на софтвер. Производството се одвива согласно сите протоколи за гаранција на највисок квалитет за склопени конфигурации, и нашите компјутери со нивниот дизајн гарантираат врвен изглед и квалитет согласно потребите на корисниците. Произведените компјутери имаат опција е за предефинирано или различно лого, припрема и принт, подготовка на тастатури локализирано за различни јазични подрачја, припрема, предпечатење и употреба на подготвени локализирани кориснички упатства.
М САН Група е производител и екслкузивен дистрибутер на MSG десктоп компјутери за кои имаме и автоматизирано производство во нашите членки во Хрватска и Србија.
Автоматизираното производство во нашата групација е уникатно за овој дел на Европа, поради можноста на производство до 1.000 компјутери дневно. Компјутерите се склопуваат и тестираат на полуавтоматизиран процес и производствена линија, која има можност за работа во две различни конфигурации: индивидуално производство и масовно производство.
