Општи услови за подарување

Почитувани,

Ве молиме внимателно прочитајте ги Општите услови за подарување (во продолжение: „Општи услови”) пред да учествувате во секое поединечно подарување организирано од страна на правното лице ПАКОМ КОМПАНИ ДООЕЛ Скопје, со регистрирана адреса на ул.Вангел Нечевски бр.43, Скопје, МБ: 4530861, ЕДБ: 4030992148501, регистрирана дејност 46.500 Трговија на големо со информатичка и комуникациска опрема (во продолжение: „Организатор”).

Со учество во секое поединечно подарување организирано од Паком Компани Дооел Скопје, се согласувате со овие Општи услови, со што потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и прифатиле. Овие Општи услови се составени во согласност со важечкиот Закон за облигациони односи и не претставуваат правила на игра на среќа, ниту подарувањето претставува наградна игра во стока и услуги или било која друга игра на среќа, во смисла на одредбите на важечкиот Закон за игри на среќа, меѓу другото, бидејќи потенцијалните учесници нема да се бара да извршат посредна или непосредна уплата на одреден износ (влог) за да стекнат право на учество во подарувањето, односно статус на учесник.

  1. Организатор на секое поединечно подарување е Паком Компани Дооел Скопје, а подарувањата се организираат на социјалните мрежи: „Instagram”, „Facebook”, „TikTok” и/или на сите други социјални мрежи или платформи кои можеби ќе се користат во иднина (во продолжение: „Социјални мрежи”), на профилите и страниците на Организаторот по негов избор, со цел промоција на сите брендови сопственост на Паком Компани Дооел Скопје . Организаторот е единствениот одговорен за спроведување на секое поединечно подарување во согласност со Општите услови, механизмот и условите за учество во секое поединечно подарување, како што е опишано подолу и по важечките прописи на Република С.Македонија. Учесниците пристапуваат во секое поединечно подарување преку лични профили на Социјалните мрежи (во продолжение: „Учесник”). Организаторот ќе објави пост (објава) на своите Социјални мрежи, во описот на кој ќе го објасни механизмот и условите за учество во секое поединечно подарување (во продолжение: „Услови на поединечно подарување”). Објавувањето на спомнатиот пост (објава) ќе означи почеток на секое поединечно подарување. Организатор во Условите на поединечно подарување нема да бара од потенцијалните учесници да извршат посредна или непосредна уплата на одреден износ (влог) за да стекнат право на учество во подарувањето, односно да стекнат својство на Учесник. За игра на среќа не се смета квиз кој се реализира преку одговарање на прашања или демонстрирање на знаења или вештини, под услов учеството во квизот да не е условено со уплата (влог) од страна на Учесникот во квизот и тоа од телефонски такси во висина поголема од редовната цена на телефонските импулси или која било друга форма на уплата (влог) на сметка на Учесникот во квизот.
  2.  Право на учество

 Право на учество во секое поединечно подарување имаат сите физички лица кои имаат најмалку 15 години*[2], со место на живеење на територијата на Република С.Македонија. Во подарувањето не можат да учествуваат вработените во Паком Компани Дооел Скопје. Во подарувањето не можат да учествуваат бизнис профили или бизнис страници на Социјалните мрежи. Учесниците кои не постапуваат во согласност со Условите на поединечно подарување и овие Општи услови и/или ги злоупотребуваат и/или не даваат точни и/или целосни податоци ќе бидат автоматски исклучени од учество во подарувањето, односно нема да бидат земени во предвид за добивање на награда. Доколку се утврди ваква фактичка состојба, тие лица веднаш го губат правото на понатамошно учество во подарувањето, односно доделување на подароци доколку ги добијат. Организаторот го задржува правото да дисквалификува Учесник кој на било кој начин промовира било која форма на дискриминација или на било кој друг начин ги крши важечките прописи на Република С.Македонија. Организаторот го задржува правото да изврши проверки на горенаведените факти.

3.Жири

 Жирито се состои од вработените во Паком Компани Дооел Скопје (во продолжение: „Жири”). Жирито има право да дисквалификува Учесник кој ги крши Условите на поединечно подарување или овие Општи услови.

  1. Добитници

Во Условите на поединечно подарување кои ќе бидат објавени на Социјалните мрежи на Организаторот, ќе биде наведен бројот на добитници на секое поединечно подарување, а добитниците ќе бидат објавени во форма на стори (приказна) на Социјалните мрежи на Организаторот под корисничкото име на неговиот профил на Социјалните мрежи (во продолжение: „Добитник”). Добитникот ќе биде избран од Жирито. Во случај Добитник во некој момент не ги почитува Условите на поединечно подарување или овие Општи услови, ќе се прогласи заменски добитник. Заменскиот добитник е Учесник кој е првиот следен по Добитник (во продолжение: „Заменски добитник”), и неговата пријава ќе го замени местото на дисквалификуваната победничка пријава. Добитникот ќе биде првично контактиран преку својот профил на Социјалните мрежи. Конкретно, Добитникот ќе добие порака на личниот профил на Социјалните мрежи која ќе содржи информација за добивката и Добитникот е обврзан во рок од 48 часа од примање на таквата порака да ги потврди конкретните подароци и да ги искомуницира сите неопходни податоци за испорака на тие подароци: име и презиме, број на телефон и адреса за испорака (улица и број, поштенски број и место).

  1. Подарок

 Во Условите на поединечно подарување, објавени на Социјалните мрежи на Паком Компани Дооел Скопје, ќе бидат наведени конкретните подароци (во продолжение: „Подарок”). Добитникот е обврзан во одговор на пораката, која ќе му биде доставена преку личниот профил на Социјалните мрежи, да ги комуницира сите неопходни податоци за испорака на Подароци: име и презиме, број на телефон и адреса за испорака (улица и број, поштенски број и место). Во случај ако Добитникот во рок од 48 часа не го извести Организаторот за прием на Подароци и/или не достави точни и/или целосни податоци неопходни за испорака на Подароците, го губи правото на освоениот Подарок и неговиот Подарок ќе го добие Заменскиот Добитник по избор на Жирито. Во одредени случаи, Организаторот има право од Добитникот да побара адреса на живеење и ЕМБГ. Подарокот ќе биде испратен до Добитникот во најкраток можен рок сметајќи од денот на прогласување на Добитникот. Трошоците за испорака на Подароци ќе ги сноси Организаторот. Добитникот се обврзува да биде на договореното време на адресата на испорака за да го прими Подарокот. Ако Добитникот не биде на адресата на испорака во моментот на испораката на Подарокот, Добитникот го губи правото на Подарок и неговиот Подарок ќе го добие Заменскиот Добитник по избор на Жирито. Добитникот на конкретното подарување нема право да бара различен Подарок од оној кој е наведен во Условите на поединечно подарување. Подарокот не може да се замени за пари и не може да се пренесе на друга личност.

 

 

  1. Права на интелектуална сопственост

Учесникот гарантира дека е единствениот и исклучителен носител на авторските и сродни права, како и сите други права на интелектуална сопственост, на содржината која на било кој начин ќе ја направи достапна на Организаторот во рамките на конкретното подарување, и не постои никакво ограничување на тие права од страна на трети лица. Организаторот ги задржува сите права на интелектуална сопственост на сите материјали на страниците на Социјалните мрежи на Организаторот, вклучувајќи и авторски права, патенти, права на знаци на трговија и други права на интелектуална сопственост и се обврзува да ги почитува тие права. Учесникот не смее да објави односно да ја направи достапна како сопствена, содржината што претходно ја објавил односно направил достапна на Организаторот друг Учесник. Учесникот изјавува дека неотповикливо и исклучиво му ги отстапува на Организаторот авторските права на содржината што на било кој начин ќе ја направи достапна на Организаторот во рамките на конкретната акција без ограничувања во однос на предметот, просторот и времето и без надомест, а во обемот во кој таа содржина е подложна на заштита на правата на интелектуална сопственост. Ако дојде до било какво кршење на правата на интелектуална сопственост, исклучивата одговорност за таквото кршење ја носи Учесникот што објавил односно направил достапна таква содржина на Организаторот. Во врска со тоа, Учесникот потврдува дека ќе ги преземе сите потребни мерки и ќе обезбеди целосна помош и заштита на Организаторот од сите можни барања од трети лица по било кој основ во врска со користењето на содржината што Учесникот на било кој начин ќе ја направи достапна на Организаторот за потребите на учеството во конкретната акција и се обврзува да ја надомести целата штета која ќе настане за Организаторот.

  1. Обработка на лични податоци

Личните податоци на Учесниците, односно на Добитниците, ќе бидат обработувани согласно со Законот за заштита на личните податоци („Сл.весник на РСМ“, бр.42/20 и 294/21, во понатамошниот текст: „Закон“) и овие Општи услови, од страна на Организаторот како контролор со лични податоци. Личните податоци на Учесниците (име и презиме, пол или корисничко име на профилот на Социјалните мрежи), кои Учесниците ќе ги направат достапни на Организаторот при пријавувањето за конкретното дарување, ќе се обработуваат врз основа на согласноста на Учесниците. Во таков случај, личните податоци на Учесниците се обработуваат од страна на Организаторот додека Учесникот не ја повлече својата согласност. Лични податоци на Добитниците се обработуваат за различни цели: 1) контактирање на Учесниците дека се Добитници на подарок на Социјалните мрежи на Организаторот, 2) испорака на Подароци, 3) водење евиденција за Добитниците и 4) пресметка на даноци и придонеси за Добитниците чии вредности на Подароците го надминуваат пропишаниот неоданочив годишен износ.

  1. Контактирање на Учесниците дека се Добитници и објавување на Добитниците на Социјалните мрежи на Организаторот

Организаторот ќе ги контактира Учесниците кои се одбрани како Добитници, со цел да ги информира дека се одбрани. Основ за обработка е исполнување на договорните обврски на Организаторот. Во врска со тоа, личните податоци на Учесниците кои се одбрани како Добитници (име и презиме, пол или корисничко име на профилот на Социјалните мрежи) ќе бидат обработувани за контакт со овие лица и ќе бидат обработувани во рок од 48 часа од контактирањето. По тоа, личните податоци на Добитниците (име и презиме, пол или корисничко име на профилот на Социјалните мрежи) ќе бидат објавени во форма на story (приказна) на Социјалните мрежи на Организаторот и ќе бидат отстранети во рок од 24 часа од таквата објава. Основ за обработка во овој случај е согласноста на Учесникот кој е одбран како Добитник, а целта на обработката е објавување на Добитниците на Социјалните мрежи на Организаторот.

  1. Испорака на Подароци

Име и презиме, пол, телефонски број и адреса за испорака (улица и број, поштенски број и место) на Добитниците ќе бидат собрани за целите на испорака на Подароците и ќе бидат обработувани од страна на Организаторот како контролор и курирските служби како обработувачи на лични податоци. Основ за обработка во овој случај е исполнување на договорната обврска од страна на Организаторот. Во овој случај, личните податоци на Добитниците кои се обработуваат за оваа цел ќе бидат избришани веднаш по испораката на Подароците. Дополнително, во случај на заедничко дарување (анг. Giveaway) што го спроведуваат Паком Компани Дооел Скопје и трето физичко или правно лице, наведените лични податоци ќе бидат обработувани од страна на трговецот, како контролор, за исполнување на неговата договорна обврска, односно испорака на Подароци на Добитникот.

  1. Водење евиденција за Добитниците

 Независно од вредноста на Подароците, Организаторот води евиденција за Добитниците, во кој случај Организаторот ги обработува следниве лични податоци на Добитниците: име и презиме, пол и вредност на Подароците. Основ за обработка во овој случај е исполнување на правните обврски на Организаторот (сметководствени прописи), поради што Организаторот ги чува наведените лични податоци, односно евиденцијата 5 години.

  1. Пресметка на даноци и придонеси за подароци чии вредности го надминуваат пропишаниот неоданочив годишен износ

 Во случај сумата на вредноста на Подароците годишно да биде поголема од пропишаниот неоданочив износ, Организаторот има законска обврска да пресмета даноци и придонеси на таквиот приход на Добитниците, поради што Организаторот има право да ги побара и обработува од Добитниците следниве лични податоци: име и презиме, пол, адреса на живеење и единствен матичен број на граѓаните. Основ за обработка во овој случај е исполнување на правните обврски на Организаторот (даночни прописи), поради што Организаторот ги чува наведените лични податоци трајно. Исто така, во случај на заедничко дарување (анг. Giveaway) што го спроведуваат Паком и трети физички или правни лица, наведените лични податоци ќе бидат обработувани од страна на правното лице, како контролор, за исполнување на законската обврска да пресмета даноци и придонеси на таквиот приход на Добитниците. Имајќи ги предвид наведените, личните податоци на Учесниците (име и презиме, пол или корисничко име на профилот на Социјалните мрежи), односно на Добитниците (име и презиме, пол или корисничко име на профилот на Социјалните мрежи, телефонски број и адреса за испорака на Подароците: улица и број, поштенски број и место, адреса на живеење и единствен матичен број на граѓаните) ќе бидат обработувани од страна на Организаторот врз основа на следниве правни основи и ќе бидат обработувани за исклучиво следните цели: • Пријава односно учество во конкретното дарување, вклучувајќи објавување на личните податоци на Добитниците на Социјалните мрежи на Организаторот во период од 24 часа (име и презиме, пол или корисничко име на профилот на Социјалните мрежи) – согласност на Учесникот; • Воспоставување контакт помеѓу Организаторот и Добитникот во врска со конкретното дарување (име и презиме, пол или корисничко име на профилот на Социјалните мрежи) – исполнување на договорните обврски на конкретното дарување од страна на Организаторот; • Испорака и преземање на Подароци од страна на Добитниците (име и презиме, пол, телефонски број и адреса за испорака на Подароците: улица и број, поштенски број и место) – исполнување на договорните обврски на конкретното дарување од страна на Организаторот; • Водење на евиденција на Добитниците кои освоија Подарок – исполнување на правните обврски на Организаторот; • пресметка на даноци и придонеси за Подароци во вредност преку минималниот неоданочив износ на годишно ниво (име и презиме, пол, адреса на живеење и единствен матичен број на граѓаните) – исполнување на правните обврски на Организаторот.

 Со поднесување на пријава согласно со Условите на поединечното дарување, односно учество во конкретното дарување, ќе се смета дека Учесникот дал согласност на Организаторот за обработка на личните податоци за оние цели за кои основот за обработка е согласност. Организаторот не може да биде одговорен за личните податоци на трети лица кои не се директни Учесници на конкретното дарување, а кои Учесникот односно Добитникот можеби ги доставил во рамките на поставената содржина на Социјалните мрежи на Организаторот и/или за потребите на испорака и преземање на Подароци. Се смета дека Учесникот односно Добитникот земал согласност од трети лица чии лични податоци ги доставил во рамките на својата содржина на Социјалните мрежи на Организаторот и/или за потребите на испорака и преземање на Подароци во случај ако тие лица не се Учесници односно Добитници на конкретното дарување. Пристап и пренос на лични податоци на Учесниците и Добитниците надвор од територијата на Република С.Македонија Пристап до личните податоци на Учесниците и Добитницитеќе имаат вработените во Организаторот, курирските служби, ИТ службата, даночните органи, како и трговците во случај на организирање на заедничко дарување (анг. Giveaway) што го спроведуваат организаторот со трети физички или правни лица. Личните податоци на Учесниците и Добитниците може да бидат пренесени надвор од границите на Република С.Македонија, во согласност со прописите на глава V од Законот за заштита на личните податоци. Права на Учесниците односно Добитниците во врска со обработката на личните податоци Во секое време, Учесниците ги имаат следниве права: 1) пристап до личните податоци, 2) исправка на личните податоци, 3) бришење на личните податоци и/или 4) повлекување на согласноста во секое време. Понатаму, Учесниците можат да ги остварат и следниве права: 1) право на ограничување на обработката на податоците, 2) право на преносивост на податоците и 3) право на поднесување на жалба до Комесарот за информации од јавен карактер и заштита на личните податоци. Сите наведени права (освен правото на поднесување жалба до Комесарот за информации од јавен карактер и заштита на личните податоци) Учесниците можат да ги остварат испраќајќи барање на е-маил адресата: manager@msan.hr. Учесникот во секое време може да ја повлече согласноста, испраќајќи барање на е-маил адресата: manager@msan.hr, со напомена дека повлекувањето на согласноста нема да влијае на дозволеноста на обработката што била направена врз основа на согласноста пред повлекувањето, ниту на обработката на податоците врз основа на други правни основи предвидени со важечките прописи. Укажуваме дека во случај на повлекување на согласноста пред утврдувањето на Добитниците, Учесникот го губи правото на учество во конкретното дарување. 1. Заедничко дарување (анг. Giveaway) Ако Организаторот и трети физички или правни лица заеднички организираат одредено дарување, тоа ќе биде објавено во Условите на поединечното дарување на нивните Социјални мрежи. Во таков случај, станува збор за заедничко дарување на Организаторот и трети физички или правни лица, кои заеднички се одговорни за спроведување на таквото дарување, секој согласно со своите обврски и важечките прописи на Република С.Македонија. За да се избегне било каква сомнеж, ако Подарокот претставува производ во сопственост на организаторот, организаторот ќе ја организира испораката на Подарокот на Добитникот и ќе пресмета даноци и придонеси за Добитниците чија вредност на Подарокот ја надминува законски пропишаната неуплатлива годишна сума.

  1. Завршни одредби

Организаторот го задржува правото да исклучи од конкретното дарување Учесници:  доколку се појави сомнеж во точноста на доставените податоци или доколку доставените податоци не се целосни, кои не ги исполнуваат условите за учество во конкретното дарување, и кои на било кој начин промовираат било која форма на дискриминација или на било кој друг начин ги кршат важечките прописи на Република С.Македонија. Социјалните мрежи на Организаторот не се на никаков начин вклучени во подготовката и реализацијата на конкретното дарување и не поднесуваат никаква одговорност за истото. Организаторот не поднесува одговорност во случај на било какви технички недостатоци кои можат да предизвикаат проблем во организацијата и спроведувањето на конкретното дарување, без разлика на причината, но ќе се труди да ги отстрани сите евентуални недостатоци со цел да обезбеди технички услуги поврзани со организацијата, спроведувањето и реализацијата на конкретното дарување. Организаторот нема да биде одговорен доколку поради виша сила или други непредвидени околности кои не зависат од Организаторот, реализацијата на Подароците биде невозможна. Ставовите на Учесниците не ги претставуваат ставовите на Организаторот и Организаторот не одговара за однесувањето на Учесниците за време и по завршувањето на конкретното дарување. Линкот до овие Општи услови ќе биде објавен во рамките на постот (објавата) што ќе биде објавен на Социјалните мрежи на Организаторот. Во случај на несогласност помеѓу Условите на поединечното дарување и овие Општи услови, Условите на поединечното дарување ќе имаат предност во толкувањето и примената.

  1. Спорови

Во случај на било кој спор помеѓу Организаторот и Учесникот што произлегува од конкретното дарување, истите ќе се обидат да го решат спогодбено. Во спротивно, спорот ќе го решава надлежниот суд во Скопје, Република С.Македонија.

  1. Важност, измена на условите и прекин на дарувањето овие Општи услови на дарување се донесени и стапуваат на сила на 01.01.2025 година. Ако било кој услов или одредба од овие Општи услови стане невалиден, валидноста на останатите услови и одредби нема да биде доведена во прашање. Организаторот го задржува правото да во било кое време, од оправдани причини, еднострано изврши измени и дополнувања на овие Општи услови, со обврска да ги објави без одлагање на оваа платформа. Исто така, Организаторот го задржува правото да во било кое време, од оправдани причини, еднострано изврши измени и дополнувања на Условите на поединечното дарување, со обврска да ги објави без одлагање во рамките на иницијалниот пост (објава) на своите Социјални мрежи. Во случај на виша сила, Организаторот го задржува правото да го прекине конкретното дарување во било кој момент без претходно објаснување, што ќе биде веднаш објавено на своите Социјални мрежи.

Ваш Паком Компани Дооел Скопје

 

 [1] Профилите и страниците на Социјалните мрежи се:

Vivax Macedonia Instagram

Vivax Macedonia Facebook

MS Energy Makedonija Facebook

MS Energy Makedonija Instagram

Pakom Kompani Dooel Skopje website

Pakom Kompani Dooel Skopje Facebook

Pakom Kompani Dooel Skopje Instagram  

 

[2] Во зависност од Условите за поединечно дарување, право на учество во одредено дарување имаат само физички лица кои имаат најмалку 18 години со адреса на територија на Република С.Македонија, што ќе биде објавено во Условите на поединечно дарување на Социјалните мрежи на Организаторот. Дополнително, доколку Добитникот е лице кои има меѓу 15-18 години, Организаторот го задржува правото да побара претходна или дополнителна согласност од родителите, односно законскиот старател, заради реализација на конкретното дарување.

Privacy Overview
Pakom Macedonia

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.

Strictly Necessary Cookies

Strictly Necessary Cookie should be enabled at all times so that we can save your preferences for cookie settings.

3rd Party Cookies

This website uses Google Analytics, Google Ads, Facebook Pixel to collect anonymous information such as the number of visitors to the site, and the most popular pages.

Keeping this cookie enabled helps us to improve our website.