Процедура за поврат на роба во ПАКОМ КОМПАНИ
Постојат четири категории за поврат на роба:
- Поврат на исправна роба, оригинално спакувана (до 30 дена од денот на продажба образец IOR-1)
- Неисправна роба вратена од краен потрошувач (14 дена од денот на продажба, образец RZ-2)
- Оштетена роба (одбиена на прием или 7 дена од денот на испорака према партнер, образец RZ-3)
- Пријава на роба за сервис (образец: Пријава на роба за сервис)
Секоја категорија се најавува на обрасците, т.е. однапред се најавува во Паком.
Без навремено најавен поврат и правилно пополнети обрасци од страна на партнерот или крајните потрошувачи, робата нема да се превземе, а со самото тоа повратот нема да биде одобрен.
Заеднички одредби за сите категории:
- Се најавуваат на пропишаните обрасци – обрвска на партнерот
- Обрасците се пополнуваат читко, обавезен е правилен назив на моделот и количината
- Партнерот е должен да ја класифицира робата според горе наведените категории и да овозможи увид на лицето што ја превзема робата
- Само писмено одобрени обрасци и количини се прифатливи
1. ПОВРАТ НА ИСПРАВНА И ОРИГИНАЛНО СПАКУВАНА РОБА (ОБРАЗЕЦ IOR-1)
Партнерот со пополнет образец мора да го најави повратот на теренскиот комерцијалист кој го посетува продажното место или директно на КАМ-от во Паком кој ги води како партнери, во спротивно се смета дека партнерот нема потреба за поврат на одреден артикал.
Во поврат со образец IOR-1 може да биде одобрена само исправна роба со оригинална амбалажа и без било какви недостатоци.
Доколку повратот се одобри, КАМ-от во Паком праќа потврда до партнерот дека робата може да се врати.
Логистиката на Паком може да превземе роба само по одобрен образец.
Робата или количината која не одговара со најавата на образецот нема да биде превземена.
Уредите мора да бидат фабрички спакувани, амбалажата не смее да биде оштетена.
2. ПОВРАТ НА НЕИСПРАВНА РОБА ВРАТЕНА ВО ЗАКОНСКИ РОК ОД 14 ДЕНА ОД ДЕНОТ НА ПРОДАЖБА (ОБРАЗЕЦ RZ-2)
- Рекламациски записник, читко пополнува партнерот или крајниот потрошувач со едноставен опис на кварот или причина за рекламирање
- Секој уред мора да го прати посебен образец за поврат и копија од фискална сметка како доказ за оправданост на поврат во законски рок од 14 дена.
- Секој уред мора да биде во оригинална и неоштетена амбалажа (амбалажата може да е правилно отворена од крајниот потрошувач)
- Секој уред мора да биде комплетен со сите додатоци: далечински управувач, кабли, упатство, гаранција.
- Уредот и амбалажата мора да се неоштетени
Доколку артиклите не ги задоволуваат наведените услови, се смета дека покрај неисправност постојат и други недостатоци, т.е. како таков не подлежи на ѕаконска регулатива со која уредот може да се замени на крајниот потрошувач со нов, а неисправниот уред да се врати на добавувачот.
Правилно пополнет образец од страна на купецот се предава на теренскиот комерцијалист или на одговорниот КАМ во Паком кој го води партнерот, а тој ја известува логистиката дека уредот може да се подигне. Логистика го превзема уредот само ако одговара на најавата во образецот.
3. ОШТЕТЕНА РОБА (ОБРАЗЕЦ RZ -3) (физички оштетена роба)
- Оштетената роба мора да има комисиски записник за оштетување и време за настанување на истото.
- Партнерот е должен веднаш по уочување на оштетувањето на уредот, со образец писмено да го извести теренскиот комерцијалист или КАМ-от во Паком кој го води.
За сите оштетувања на роба кои настанале како последица на негрижа на партнерот при манипулација, погрешно изложување и невнимание, Паком не сноси одговорност.
Процедура за правилен прием на испорачана роба:
- При испорака на роба мора да се присутни превозникот и одговорно лице од страна на партнерот кој ја прима робата.
- При превземање на роба должност е да се прегледа истата и да се спореди со количините наведени во отпремницата.
- По прегледот и превземањето на робата, отпремница се заверува од страна на купецот (читко се впишува име и презиме на лицето кое ја превзема робата, со печат од примателот).
- Во случај на било какви недостатоци при превземање на робата мора да се направи рекламациски записник (читко напишано име и презиме на лицата кои учествувале во примо-предавање на робата, со печат на купецот). Комисискиот записник се испишува на RZ-3 образецот или сличен образец на купецот.
- Отпремниците и комисиските записници (образец RZ-3) мора да бидат правилно заверени со печат и читко потпишани од двете страни, и со тоа се сметаат одобрени.
- За роба која ќе се оштети, а за која не постои правилно заверен образец RZ-3 или комисиски записник поврат нема да биде одобрен.
4. ПРИЈАВА НА РОБА ЗА СЕРВИС
- образец пријава на роба за сервис-
Таква роба се одобрува на лице место од страна на возачот кој ја превзема.
Должност е на возачот, на образецот за сервис после извршената поправка да испише утврдена состојба, како би се вратил уредот во состојба иста како што е превземан.
На тој образец покрај возачот треба да се потпише и одговорно лице од страна на партнерот и да се завери со печат.
Образецот оди заедно со уредот на сервис, а после поправка во сервис се враќа на купецот.