Главната дејност на Паком Компани е дистрибуција.
Паком Компани како водечки дистрибутер во С.Македонија, Косово и Албанија, дистрибуира
ИТ хардвер и софтвер (компјутери, лаптопи, галантерија...), аудио видео и потрошувачка електроника.
Производители
-
Acer
Компанијата Acer е основана во 1976 година и е една од водечките светски ICT компании. Присутна е во повеке од 160 земји. Со поглед во иднината, компанијата Acer е фокусирана на визијата за светот во кој меѓусебно ќе се надополнуваат хардвер, софтвер и услуги, како би се отвориле нови можности за потрошувачите и деловните субјекти.
Од услужна технологија, интегрални мрежни решенија и производи до играње и вируална реалност, 7000 вработени во Acer се посветени на истажување, дизајн, маркетинг, продажба и подршка на производи и решенија кои ги отсрануваат препреките помеѓу луѓето и технологијата.
Повеќе информации може да погледнете на: www.acer.com
-
Acronis
Acronis е лидер во светот на cyber заштитата – покрива пет главни предизвици: доверливост, достапност, приватност, автентичност и безбедност, преку иновативните решенија за backup, anti-ransomware, disaster recovery, storage и enterprise file sync and share.
Acronis Cyber Backup Cloud заштитува повеќе од 20 платформи и вклучува најнапредна anti-ransomvare технологија, штитејќи ги податоците и системите во било кое опкружување – физичко или виртуелно, локално или во „облак“.
Доколку сте заинтересирани за повеќе информации, едукација, или сакате да станете Acronis партнер, контактирајте нѐ на enterprise@pakom.com.mk.
За повеќе информации: https://www.acronis.com/en-eu/
-
Adata
Adata Techonogy Co., Ltd. Е основана во 2001 година со седиште во Тајван. Почетокот на нивното работење е врзано со DRAM модулите, но набрзо проозводниот програм им се проширува на Flash производи и производи за складирање на податоци.
Потпирајќи се на техничката екпертиза и врвните производствени погони, Adata нуди комплетно решение вклучувајќи модули, USB мемории, мемориски картички, SSD и надворешни хард дискови. Настојувањета на Adata да ги задоволи сите потреби на своите потрошувачи и овозможи на компанијата да прерасне во водечки произведувач на модули и флеш производи. Adata е втор по ред проиведувач на модули и трет на флеш производи во светот.
Повеќе информации може да погледнете на: www.adata.com
-
AMD
AMD е втор по големина производител на микропроцесори во светот. Неговите производи во категоријата процесор и чипсет најчесто влегуваат во BestBuy компјутерските конфигурации, заради односот цена – перформанси. Покрај процесорот, AMD произведува и флеш меморија, а од 2006 година со преземањето на ATI, името AMD се поврзува и со графички картички.
Повеќе информации може да погледнете на: www.amd.com
-
AOC
AOC е основана во 1967 година. Компанијата од првиот ден е фокусирана на екрани/монитори и секогаш со иста цел: да пружат одлично искуство со нивните производи, без оглед за што се користат. За професионалци со огромна потреба, обезбедуваат компјутерски екрани со висока резолуција и импресивна низа напредни карактеристики. За домашни корисници со стил, нудат монитори со високи перформанси со уникатен, привлечен дизајн. За стандардни канцелариски апликации, исполнуваат важни стандарди за енергетска ефикасност со широкиот спектар на деловни монитори кои имаат големи опции за ергономско прилагодување. И, за професионалните гејмери избор на гејмерски дисплеи од AOC и AGON, нудат фантастичен, одличен не само во брзината, туку и во нивниот уникатен дизајн и специфичните карактеристики на гејмерите. Без оглед на мониторот што ви треба, AOC се посветени на обезбедување на истиот, секогаш се стремат кон највисок можен квалитет и гаранција од три години.
Повеќе информации може да погледнете на: www.aoc.com
-
APC
APC – American Power Conversion е фирма специјализирана за заштита од многу примарни фактори кои доведуваат до губење на податоци, оштетувања, или прекинување на работата на информатичките системи.
Основан 1981, APC е водечки светски произведувач на глобални, истомерни и изменични заштитни енергетски производи и услуги, кои вклучуваат потиснувачи на напонските удари, непрекидно напојување ups), опрема за енергетско прилагодување, софтвер за управување со енергијата, опрема за прецизно ладење.
APC, познат по изреката “Legendary Reliability” (Легендарна Доверливост), поставува стандарди во квалитетот, иновативност и подршка на енергетско – стуктурни решенија од десктоп компјутери до Дата центри. Неговите сеопфатни решенија, кои се проектирани како за домашно, така и за корпоративно окружување, го унапредуваат управувањето, расположливоста и перформансите на осетливата електроника, мрежна, комуникациска и индустриска опрема од сите размери.
Повеќе информации може да погледнете на: www.apc.com
-
ARCTIC
Arctic GmbH, порано познат како Arctic Cooling, германскo-швајцарски производител на компоненти за компјутерско ладење, главно ладилници за процесори и графички картички, вентилатори за куќишта и термички соединенија. Од 2010 година, Arctic го проширува својот бизнис со започнување низа производи за да се задоволат другите барања на потрошувачите надвор од оние на компјутерскиот хардвер за ладење. Во денешно време, Arctic нуди и различни производи за широка потрошувачка.
Повеќе информации може да погледнете на: www.arctic.de/en/
-
ASUS
ASUS е реномиран светски производител на матични плочи, хардверски компоненти, сервери и десктоп компјутери.
ASUStek во 1993 ја основал Jonney Shin, веднаш штом го напуштил местото прв инжењер во тогаш водечката тајванска информатичка фирма Acer Inc. и се впуштил во авантура неречена ASUStek. Во Acer Shin ја сватил важноста на константа на квалитет па својата филозофија ја всадил и во новооснованата фирма. Седиштето на фирмата е во Taipeiu на Тајван, а производните капацитети во Taipeiu, Luchuu, Nankanu, Kweishanu на Тајван и во Suzhou во Кина.
Спрема зборовите на Shin победничката формула на Asus гласи: Маркетинг (квалитет * брзина * иновација * услуга) / трошоци
За илустрација на моќта ќе го изнесеме податокот секој шести десктоп PC продаден минатата година во светот има во себе Asus матична плоча.
Компанијата ASUS во текот на 2006. година остварила вкупен обрт на капитал од 16,4 милијарди USD. Покрај водечката позиција во сегментот на матични плочи со повеќе од 37% на светскиот пазар и 55 милиони испорачани примероци во 2006 компанијата остварила значаен пробив во сегментот на преносни компјутери и потрошувачка на електроника. Покрај тоа, компанијата успешно пласира на пазарот и нови производни линии како LCD телевизори, мобилни телефони, UMPC компјутери, и прва ја имплементирала и Microsoft Sideshow опцијата во своите преносни компјутери.
Повеќе информации може да погледнете на: www.asus.com
-
Toshiba
Toshiba Electronic Devices & Storage Corporation и нејзините филијали (Toshiba) обезбедуваат широк спектар на иновативни производи за хард диск (HDD) за да ги задоволат различните барања на пазарот за разновидни складишта. Производите вклучуваат складирање со висок капацитет за енергетска ефикасност за Cloud Data Centers, HDD со капацитет и перформанси за Enterprise IT, клиентски HDD за PC/Desktop и специјализирани дискови за надзор, NAS-системи, сет-топ бокс видео, игри и надворешно складирање. Toshiba има за цел да продолжи да ги унапредува HDD технологиите и иновациите за да ги исполни и надмине барањата на клиентите низ широк спектар на сегменти на пазарот за складирање.
Повеќе информации може да погледнете на: Toshiba | Consumer Product Support
-
ASRock
ASRock Inc. е основана во 2002 година, специјализирана во областа на матичните плочи. ASRock се стреми да изгради сопствен бренд. Со концептот за дизајн 3C, „Креативност, размислување, економичност“, компанијата ја истражува границата на производство на матични плочи, а истовремено обрнува внимание на еколошкиот проблем, развивајќи производи со разгледување на еколошки концепт.
ASRock расте брзо и стана трет по големина светски бренд за матични плочи со седиште во Тајпеј, Тајван и филијали во Европа и САД. Младата и енергична компанија цели од мејнстрим до матични плочи за ентузијасти за различни видови на корисници, кои поседуваат репутација ширум светскиот пазар со својата доверливост и умешност.
Повеќе информации може да погледнете на: ASRock
-
Biostar
Во 1980 година, среде брзиот раст на ИТ индустријата, основачот на BIOSTAR GROUP, со долгогодишно искуство во трговијата со електронски делови и предвидување на идните барања за матични плочи и графички картички, ја основа BIOSTAR MICROTECH INTERNATIONAL CORP. во 1986 година.
Во текот на своите почетни години, BIOSTAR првенствено се фокусираше на производство на матични плочи дизајнирани за XT форма фактор. За да се одржи доследна експанзија на бизнисот, BIOSTAR стратешки распредели значителен дел од своите ресурси и работна сила за континуирано иновирање и развој на нови производи. Овој проактивен пристап и овозможи на компанијата да остане конкурентна во компјутерската индустрија која брзо се развива
Повеќе информации може да погледнете на: https://www.biostar.com
-
Bixolon
BIXOLON, запчнува како специјално одделение за печатари во Samsung во деведесетите т.е. во 2002 година станува водечка фирма на светскиот пазар на индустриски мини печатари.
До 2005 година, BIXOLON има постигнато 11% пазарен удел во светот и има клиенти во повеке од 70 земји. Денес BIXOLON е препознат како глобален лидер во инжињерството и производство на врвни решенија за печатење и понатаму освојува награди и признанија од своите партнери и корисници.
Со воведување на иновации ја проширува производната линија, со тоа дополнително ја зацврстува својата преданост на потребите и барањата на пазарот низ нова линија на баркод, мобилни, како и ПОС печатари
BIXOLON се залага за остварување на задовоството на купувачите нудејќи им најдобар квалитет на производот и внимателна корисничка поддршка. BIXOLON е посветен во развојот на купувачите и технологиите на печатење со самото тоа е најдобар избор за моменталното и идно работење.
Повеќе информации може да погледнете на: www.bixolon.com
-
Canon
Паком Компани е единствен официјален дистрибутер за Canon во Македонија. Во нашето портфолио покрај фото и видео опрема ги имаме и уредите за печатење како за домашни така и за канцеларииски и професионални потреби.
Canon е водечко име во обработката на слика веќе 80 години. Водечка компанија во создавањето решенија за дигитална обработка на слика за потрошувачите, претпријатијата и индустриите. Акцентот врз технологијата е дел од деловната филозофија на Canon и со тоа им помагаат на луѓето одново да ги дефинираат можностите на обработката на слика.
Canon Europe е основана во 1957 година и е едно од трите регионални главни седишта на компанијата кое придонесува со приближно една четвртина од глобалните приходи на Canon годишно. Со седиште во Лондон, Обединетото Кралство и Амстелвен, Холандија, Canon Europe е задолжена за регионална продажба и маркетинг во Европа, Средниот Исток и Африка. Canon Europe и нејзините компании од групацијата имаат повеќе од 13.500 вработени во приближно 120 пазари во целиот регион.
Повеќе информации може да погледнете на: www.canon.com.mk или www.canon-europe.com
-
CSB
CSB е сигурно решение за енергија познато по својата издржливост и ефикасност.
Со акцент на одржливост, нуди одлични перформанси во разни апликации, што го прави идеален избор и за секојдневна употреба и за специјализирани уреди.
Сигурен избор за секого кој му е потребна доверлива енергија.Повеќе информации може да погледнете на: CSB Energy Technology Co., Ltd.
-
Cooler Master
Cooler Master Technology Inc. е производител на компјутерски хардвер со седиште во Тајпеј, Тајван. Основана во 1992 година, компанијата произведува компјутерски куќишта, напојувања, воздушни и течни ладилници за процесори, подлоги за ладење на лаптопите и компјутерски периферни уреди.Покрај малопродажниот бизнис, Cooler Master исто така е производител на оригинална опрема на уреди за ладење за други производители, вклучително и VGA ладилници, AMD мадилници за процесори и EVGA (ладилници за матична плоча). Некои од производите на Cooler Master имаат освоено награди вклучувајќи ја и наградата за дизајн на производи iF.
Повеќе информации може да погледнете на: www.coolermaster.com
-
CyberPower
Cyberpower е основан во 1997 година како OEM производител на UPS-ови, телекомуникациски DC UPS-ови, мобилни решенија за пренапонска заштита, инверотори и останата опрема. Моментално има 750 вработени во две фабрики во Shenzhen, Кина со ISO9001 сертификат и е присутна низ регионални претставништа на Американскиот, Азискиот, Западно-европскиот и Рускиот пазар. Во поново време прават партнерски односи со дистрибутери и во Источно-европскиот регион со што во 2007 година е затворен дистибуцискот канал со М САН група како ексклузувен дистрибутер за Хрватска, БиХ, Србија, Црна Гора, Македонија, Косово и Албанија.
Повеќе информации може да погледнете на: www.cyberpower.com
-
dji
DJI Ronin Technology Company Limited, еден од најважните светски производители на професионални и комерцијални беспилотни летала, започна со работа во 2006 година во кинескиот град Шенжен, познат како Силиконска долина на Кина. Водени од идејата за создавање на „Иднина на можното“ и континуирана интензивна инвестиција во R&D, во изминатите десет години DJI прерасна од мала канцеларија во глобална компанија со канцеларии во САД, Германија, Холандија, Јапонија , Јужна Кореја и три канцеларии во Кина: Пекинг, Шангај и Хонг Конг.
Денес, DJI, покрај врвните комерцијални модели, произведува професионални беспилотни летала наменети за филмската индустрија, услуги за надзор и спасување, работи на одржување на инфраструктурни објекти, како и беспилотни летала наменети за земјоделство. Од 2017 година, групацијата М САН дистрибуира цела палета производи DJI. Од семејството Spark, кое доаѓа во различни бои на каросеријата, преку професионалните модели Mavic и Phantom до Matrix и Inspire за производство на ТВ и видео. Покрај беспилотните летала, ние нудиме и комплетни додатоци, вклучувајќи професионални фотоапарати Zenmuse, од кои се издвојуваат камери за топлинска слика произведени во соработка со американската компанија FLIR, како и механички стабилизатори на слики попознати како гимбали (серии Ronin и Osmo).
Повеќе информации може да погледнете на: www.dji.com
-
D-Link
D-Link се разви во еден од водечките производители на мрежна опрема присутна на сите поголеми пазари. D-Link во моментов има најголем удел на пазарот помеѓу производителите на wireless опрема на пазарот во Европа и Кина. На глобално ниво е рангиран на второто место во сегментот SOHO/Home wireless LAN опрема. Слоганот на D-Link „Building Networks for People“ значи фокус на D-Link кон решенија за споделување пристап кон Интернет, размена на податоци, пренос на глас и видеа преку wired или wireless мрежа, а најважнa e размената на идеи.
Wireless LAN (WLAN) алтернативна опрема за традиционално вмрежување (каблирање). D-Link wireless уредите се компатибилни со опремите на останатите произведувачи, а широкиот спектар на производи овозможуваат лесна интеграција во постоечката мрежа (wireless или wired), и изградба на мрежи со различни топологии и побарувања.
Свичеви LAN мрежите денес се комуникациска платформа која овозможува обединување на податоците , видео и говорен пренос. D-Link асортиманот на свичеви ги покрива барањата на домашните корисници, малите канцеларии и големите деловни мрежи. Во понудата се наоѓаат неуправливи, управливи, layer 2, layer 3 свичеви, stackable или stand-alone. Уредите ги поддржуваат сите важни стандарди и протоколи.
Комуникација – добар асортиман кој има понуда за ADSL/Cable рутери. Од основните модели со интегрирани 4 портни 10/100 Mbps преклопни до модели со поддршка за VPN имплементација во hardware, интегрирани wireless access point, интегрирани print сервери. Во понудата се и решенија за пристап на Интернет преку ISDN или аналоген модел.
Повеќе информации може да погледнете на: eu.dlink.com
-
Elo TouchSystems
Глобален лидер во технологија на допир и единка на Tyco Electronics – најголем светски произведувач на пасивни електронски компоненти со годишен приход од над 12 билиони долари.
Elo произведува комплетна линија на екрани и монитори на допир. Интерфејс на допир, лесни за употреба, се користат за различни цели на различни пазари, за зголемување на продуктивноста, создавање поголем квалитет на производите и услугите, скратување на времето за обука и зголемување на профитот.
Во светот, Elo нуди најголем избор на екрани на допир и панели на допир, LCD монитори на допир и CRT монитори на допир. Тие ја опфаќаат целата линија на POS монитори на допир, монитори на допир за киосци, индустрија, медицина и компјутери на допир «се во едно». Elo внимателно го дизајнира секој производ според специфични барања во различни примени, како во индустријата, медицината и фармација, POS, киосци, малопродажба, болници, транспорт, издавање билети, употреба во возила, автоматизирани процеси во уредите, како и апарати за игра.
Основачите на Elo дизајнираа екран на допир пред повеќе од 35 години. Од тогаш корисниците користат Elo екрани на допир со една општа, моќна и напредна компјутерска технологија поедноставена за сите корисници.
Повеќе информации може да погледнете на: www.elotouch.com
-
Epson
Од своето основање, Epson ги пренесе и прошири своите традиционални предности како производствена компанија.
Пробивот дојде со лансирањето на EP-101 (Електронски печатач), популарен и револуционерен производ кој отвори нови пазари. Во 1975 година беше основан брендот Epson со надеж дека ќе се испратат идните „синови“ на ова ЕП во светот.
Нашата филозофија на ефикасни, компактни и прецизни иновации оди подалеку од технологијата. Тоа ја опфаќа нашата аспирација да ја користиме нашата технологија за да помогнеме во надминување на глобалните еколошки проблеми и други општествени прашања, да ги збогатиме животите на луѓето и да направиме подобар свет.
Повеќе информации може да погледнете на: Epson Europe | Home
-
Honeywell
Honeywell – Safety and Productivity Solutions нуди производи, софтвер и решенија кои ја подобруваат продуктивноста и сигурноста на работното место и им служи на корисниците во малопродажба, трговски ланци, транспорт, логистика, здравство, производство, автомобилска индустрија, авијација.
Специјализирани за баркод скенери, мобилни компјутери, монтирани компјутери во возило, cloud решенија, POS печатачи , печатачи за етикети, RFID, софтвер за управување со уреди, софтвер за гласовна контрола, софтвер за автоматизација.
Honeywell измислува и произведува технологии кои се однесуваат на некои од најкритичните светски предизвици околу енергијата, безбедноста, продуктивноста и глобалната урбанизација. Петгодишниот план на Honeywell за 2014 до 2018 година се фокусира на континуирана иновација, подобрени вредности за корисниците и глобален фокус за да се постигне двоцифрен раст на заработката.
Повеќе информации може да погледнете на: www.honeywell.com
-
HP
HP е еден од најголемите светски производители на хардвер, и е лидер во поставувањето на нови стандарди за производство, дистрибуција и продажба на хардверски компоненти.
Бил Хјулит (Bill Hewlett) и Дејв Пакард (Dave Packard), пријатели од Стенфордски Универзитет (Stanford University), ја основаа HP во 1939 година во Пало Алто (Palo Alto), Калифорнија (California), каде и денес е седиштето на компанијата. Нивниот прв производ беше аудио осцилатор, а нивниот прв клиент беше познатото студио Волт Дизни (Walt Disney).
Денес, HP ја следи корпоративната визија за „ Создавање технологија што го прави светот подобар за секого, секаде – секоја личност, секоја организација и секоја заедница низ целиот свет “. Инвестира милијарди долари годишно во истражување и развој што резултира во иновативни производи, решенија и нови технологии, се со цел да се обезбеди подобра услуга за клиентите.
Повеќе информации за HP може да погледнете на www.hp.com
-
Aruba
HPE Aruba Networking нуди иновативни решенија за wireless and wired поврзување, дизајнирани за безбедна и high-performance connectivity.
Неговиот акцент на беспрекорна интеграција и корисничко искуство го прави претпочитан избор за бизниси кои бараат робусни мрежни решенија.Повеќе информации може да погледнете на: HPE Aruba Networking | HPE
-
Hewlett Packard Enterprise
Hewlett Packard Enterprise (HPE) е американска мултинационална компанија, основана во 2015 година која настанала со поделбата на технолошкиот гигант Hewlett Packard на два дела, HPE и HP Inc. Главните активности на HPE се информатички услуги, технологии за складирање на податоци, обработка на податоци во cloud, вмржување и интеграција на конвергирани системи, додека најпознати решенија се HPE Proliant серверите, 3PAR системите за складирање и Aruba мрежни решенија. HPE има водечка позиција во секоја од наведените категории на светско ниво, а особено на регионално ниво.
Со аквизицијата на Aruba Networks во 2015 година HPE останува еден од лидерите за мрежна опрема, која нуди моќно, а истовремено и едноставно решение за испорака на безбедни и квалитетни безжични мрежи на мали и средни корисници , а може да ги задоволи и корпоративните деловни опкруженија.
Повеќе информации може да погледнете на: www.hpe.com
-
HyperX
Мисијата на HyperX e да развие производи за игри за сите типови играчи – слушалки, тастатури, глувчиња, додатоци за полнење за играчи на конзоли, микрофони и подлоги за глувци – за заедницата на гејмери и пошироко. Наградуваната марка HyperX е позната по тоа што постојано испорачува производи кои нудат супериорен комфор, естетика, перформанси и доверливост. Опремата на HyperX е избор на славни амбасадори, професионални гејмери и технолошки ентузијасти ширум светот затоа што е дизајнирана од луѓе со страст за игри. Од основањето до денес има испорачано повеќе од 20 милиони слушалки за игри, еден милион тастатури и еден милион микрофони ширум светот.
Придружете се на глобалната #HyperXFamily и дознајте како производите на HyperX можат да го подобрат вашето искуство. Без оглед на вашето ниво на вештина, без оглед на жанровите што ги играте, без разлика како играте, ние ги поттикнуваме сите гејмери ширум светот со нашето основно уверување — Сите сме гејмери.
Повеќе информации може да погледнете на: https://hyperx.com/
-
Huawei FusionSolar
Huawei FusionSolar е паметно решение за фотоволтаици од Huawei, наменето за станбени, комерцијални и големи соларни системи. Интегрира напредни технологии како што се вештачка интелигенција (AI), cloud услуги и дигитализација за подобрување на ефикасноста, сигурноста и интелигентното управување со соларните електрани.
Повеќе информации може да погледнете на: Leading Solar Solutions for a Greener Future | HUAWEI Smart PV Global
-
Imou
IoT брендот Imou е лансиран кон крајот на 2018 година од страна на Dahua Technology – водечка компанија во делот на видео надзор. Камерите на Imou се лесни за поставување и поврзување а компатибилни се и со Smart Home опција. Обезбедувајќи деноноќна безбедност, системот Imou ви нуди 24 часовна сигурност, заштита и мониторинг на професионално ниво. Основна дејност на брендот Imou се камери за видео надзор, аларми, паметни брави, ѕвона за врати и разни додатоци.
Повеќе информации може да погледнете на: https://www.imoulife.com/
-
Intel
Intel е американска мултинационална корпорација и технолошка компанија со седиште во Санта Клара, Калифорнија, во Силиконската долина. Според приходите Intel е најголемиот производител на полупроводнички чипови во светот.
Intel снабдува микропроцесори за производители на компјутерски системи како што се Леново, HP и Dell. Исто така произведува чипсети на матични плочи, контролори на мрежни интерфејси и интегрални кола, флеш меморија, графички чипови, вградени процесори и други уреди поврзани со комуникациите и компјутерите.
Повеќе информации може да погледнете на: www.intel.com
-
Kaspersky
Kaspersky е водечки бренд во, познат по своите сеопфатни антивирусни решенија за откривање на закани.
Со напредни технологии и проактивни механизми за одбрана, ги заштитува корисниците од malware, phishing и онлајн закани.
Посветеноста на иновации и силни безбедносни мерки го прави доверлив избор за поединци и бизниси.Повеќе информации за овој бренд може да погледнете на: My Kaspersky | Welcome
-
Kingston Technology
Kingston Technology Company, Inc. е водечка компанија за производство на мемории.
Компанијата Kingston основана е во 1987 година и имала само еден производ во својата понуда, додека денес палетата содржи повеќе од 2.000 мемориски производи кои го поддржуваат скоро секој уред кој користи мемориски модули, од компјутери, сервери и печатачи до MP3 players, дигитални камери и мобилни телефони. Во 2005 година надмината е продажба од 3 милијарди USD.
Со глобална централа во Fountain Valley, во Калифорнија, Kingston во светот има околу 2.900 вработени. Списанието Fortune смета дека Kingston е една од најдобрите компании во САД за која можете да работите (“Best Companies to Work for in America”), Kingston поддржува почит, лојалност и флексибилност, како и интегритет, и е пример за корпоративна култура. Kingston верува дека вложувањето во своите луѓе е клучно, и секој вработен е витален дел од успехот на Kingston.
Kingston опслужува меѓународна мрежа на дистрибутери, препродавачи, родажни места и OEM партнери на шест континенти.
Повеќе информации може да погледнете на: www.kingston.com
-
Lenovo
1984 година eдинаесет компјутерски стручњаци во Пекинг имале визија да создадат компанија која на корисниците ќе им донесе предност во IT технологијата, посебно на сите пристапни PC платформи, а првенствено на сите корисници на кинескиот пазар. Во изнајмен простор е создадена компанијата Legend, отворена е нова страница на пазарот за компјутери во Кина, како прва која ги претставила кинеските компјутери на домашниот малопродажен пазар. Наскоро Legend развиле Legend Chinese Character Card, која ги преведувала англиските називи на оперативниот систем во кинески знакови, и со тоа влијае на животот на милиони жители во Кина, приближувајќи им ги компјутерите во секојдневната употреба.
Legend од 1994 година е на берзата во Хонг Конг, а во 2003 година го менува името во Lenovo („Le“ од Legend, а „novo“ од латинскиот збор „novi“, кое го оддржува духот на иновативност на оваа компанија). Со развој на системот за соработка и други производствени програми, Lenovo од 1996 година е водечка ИТ компанија во Кина, која држи околу 25% од пазарот (2004.)
Со спојување на две визионерски компании, Lenovo ги купува IBM-овите Personal Computing Division (PCD) и станува една од водечките компании на глобален пазар, со приход од околу 13 милијарди USD годишно од глобалното производство, продажба, сервис и финансиска мрежа од платените технолошки производи и решенија за деловни и мали корисници.
Повеќе информации може да погледнете на: www.lenovo.com
-
Longi
LONGi е водечки глобален производител на високо ефикасни соларни панели и фотоволтаични (PV) решенија. Основана во 2000 година, компанијата се специјализира за монокристална соларна технологија и е позната по своите иновации во производството на соларни модули и ќелии со високи перформанси.
Повеќе информации може да погледнете на: The World’s Leading Supplier of Solar PV Solutions – LONGi
-
MS
MS е сопствен бренд на М САН кој интегрира дизајн, производство и продажба, нуди квалитетни производи и услуги на пазарот и е сигурен снабдувач на ИТ опрема.
Куќишта, тастатури, глувци, мултимедијални системи за звучници, слушалки, потрошен материјал и други ИТ периферни уреди доаѓаат на пазарот персонализирани и дизајнирани според потребите на домашниот корисник со највисок квалитет.
Значителен дел од средствата се инвестираат во истражување и развој, а новите производи ги следат трендовите и барањата на светскиот пазар. Врвните домашни и странски инженери и дизајнери играат голема улога во истражувањето и иновациите. Со цел да се надмине различноста меѓу пазарите, MS им нуди на своите партнери комплетно индустриско и дизајнерско решение, прилагодено на желбите и барањата на клиентите. Таквата флексибилност овозможува, во соработка со партнерот, процеси од создавање на нова идеја и концепт до производство на готовиот производ.
Сите фази на производство и самите производи се предмет на строга контрола на квалитетот. Следејќи ги европските норми и домашни законски одредби, специјален тим во MS ги следи техничките карактеристики, опремата, сигурноста, дизајнот и соодветното пакување бидејќи е дел од конкурентноста на пазарот и комплексен сет на активности за одржување на водечката позиција.Повеќе информации за овој бренд може да погледнете на: www.ms-start.com
-
MSGW
Иако брендот MSGW е создаден во 2005 година, групацијата М САН составува компјутери од средината на 90-тите години на минатиот век. Во текот на целиот период, ние стекнавме драгоцено искуство што ни помага да создадеме идеален компјутер – за секој од вас. При дизајнирање и тестирање на компјутери, работиме со меѓународни партнери, глобални гиганти во светот на компјутерската технологија – компании како Intel, AMD / ATI, Microsoft, ASUS, nVIDIA, Samsung, Western Digital… Оваа соработка ни овозможува пристап до нови технологија пред другите, што гарантира дека премиерната технологија ќе биде тестирана и усогласена во конфигурациите на MSGW од датумот на глобалната премиера.
Нашата цел е да ви обезбедиме производ со кој ќе бидете задоволни. Ние сакаме да се осигураме дека со секоја конфигурација на MSGW ќе добиете идеален баланс на новата технологија, перформанси, функционалност и квалитет за вашите пари.
Компјутерот MSGW е дизајниран и составен во полуавтоматскиот производствен погон на групацијата М САН. Предностите на овој метод на производство се многубројни, од подобро собрани компоненти неоштетени од прашина и статички електрицитет, преку професионално инсталиран и прилагоден софтвер до целосна контрола на тоа која компонента е инсталирана од кој работник. Покрај производството, високиот степен на автоматизација се карактеризира и со тестирање на квалитет, што гарантира дека апсолутно сите компјутери што излегуваат од нашиот производствен погон се 100% функционални. Оваа автоматизација ги намалува трошоците за производство и тестирање, што на крајот се рефлектира во вградени компоненти со повисок квалитет на повисоко ниво на услуга и пониска продажна цена.
Компјутерите MSGW се произведени во единствена полуавтоматизирана фабрика лоцирана во Ругвица.Повеќе информации за овој бренд може да погледнете на: www.msgw.info
-
MS Energy
MS ENERGY е наш бренд на електрични тротинети и велосипеди.
Во денешниот свет каде што мобилноста и екологијата дефинираат нов начин на живот, MS ENERGY дава одговори на вашите барања за одржливи, едноставни и паметни решенија за транспорт, за целосна е-мобилност.
Присутен на хрватскиот пазар од 2019 година, денешната палета на брендот MS ENERGY е поделена во 2 категории: електрични скутери и електрични велосипеди.
Повеќе информации може да погледнете на: www.msenergy.hr
-
MS Lux
Ние сме MS LUX, еден од водечките европски производители на професионално осветлување. Со најмодерната ЛЕД технологија ја имитираме светлината на сонцето, која ја прилагодуваме и оптимизираме за сите потреби со најмал еколошки отисок. Од самиот почеток развојот е насочен кој јавното и индустриското осветлување за до денес да имаме испорачано јавно осветлување во повеќе од 100 градови и општини во република Хрватска, БиХ, Македонија, Словенија, Србија и остатокот од регијата. Покрај телата за осветлување имплементирани се решенија базирани на IoT технологии за надзор и управување со осветлувањето.
Оваа група на производи се состои од повеќе линии на јавно осветлување:
- улично
- амбиентално
- рефлектори
Повеќе информации може да погледнете на: mslux.eu
-
MSI
MSI е најдоверливото име во игрите и еСпортовите. Посветивме безброј часови и бројни ресурси на заедницата за еСпорт за да ги поддржиме најаспиративните гејмери во светот и да ја искористиме нивната експертиза за игри за да го оптимизираме дизајнот на нашиот производ. MSI ги интегрираше сите посакувани функции на гејмерите во своите гејмерски уреди, елиминирајќи ги мачните обиди и грешки сами по себе и туркајќи ги перформансите надвор од границите. Решеноста да се надминат минатите достигнувања ја направи MSI бренд „Вистински игри“ низ целата индустрија!
Повеќе информации може да погледнете на: MSI Global – The Leading Brand in High-end Gaming & Professional Creation
-
Mibet energy
Xiamen Mibet New Energy Co., Ltd., основана во 2012 година, е високо-технолошко претпријатие кое се специјализира во истражување, развој, производство и продажба на соларни енергетски производи. Компанијата нуди широк спектар на фотоволтаични (PV) монтажни системи, вклучувајќи земјени конструкции, покривни конструкции, соларни настрешници, агро-соларни, пловечки и системи за следење на сонцето. Производите на Mibet се извезуваат во повеќе од 100 земји и региони, што ја прави една од најголемите кинески извозни компании во секторот на соларна енергија. Нивните решенија се сертифицирани според меѓународните стандарди TUV, SGS, AS/NZS 1170 и MCS, што ја потврдува нивната посветеност на квалитет и иновации. Со вкупен испорачан капацитет од над 40 GW и годишен производствен капацитет од над 10 GW, Mibet продолжува да игра значајна улога во глобалната енергетска транзиција кон обновливи извори.
Повеќе информации може да погледнете на: Solar Mounting System,Solar Racking System,Solar PV Mounting – Mibet Energy
-
Microsoft
Microsoft – основана во 1975 година, денес е водечка компанија во светот во софтвер, услуги и решенија кои им помагаат на поединци и компании да го достигнат својот целосен потенцијал.
М САН Групацијата е долгорочен партнер на Microsoft во Хрватска. Од 2000 година, групацијата М САН стана овластен дистрибутер за производите на Microsoft OEM, а во средината на 2016 година индиректен снабдувач на решенија за Microsoft Cloud за ЕУ.На овој начин, групацијата М САН го комплетираше своето портфолио на производи и услуги, овозможувајќи му на партнерскиот канал да испорачува трајни лиценци, софтвер за изнајмување / изнајмување или да купува услуги на Мајкрософт Облак на месечна основа преку платформата за решенија за облак.
Повеќе информации за брендот може да погледнете на:www.microsoft.com
-
Philips
Philips е еден од најголемите светски произведувачи на електронски уреди.
Philips е признат бренд кој е посветен и на светот на мониторите и визуелна дигитална забава. Неговата основна стратегија се заснова на наследството на иновациите, дизајнот и деловната совршеност, флексибилноста и напредната технологија. Со ваква комбинација им овозможува на потрошувачите висококвалитетни монитори кои се лесни за употреба и истовремено импресионираат со нивната најсовремена технологија и софистициран дизајн.Повеќе информации за Philips мониторите може да погледнете на:www.philips.com
-
QNAP
QNAP Systems, Inc., како што и самото име имплицира „Давател на квалитетни мрежни уреди“, (Quality Network Appliance Provider) има за цел да обезбеди опсег на решенија на NAS, решенија за мрежно снимање видео (NVR) со акцент на леснотијата на користење, робусното работење, високиот капацитет и високата сигурност.
QNAP ги интегрира технологиите и дизајнот во испорака на квалитет на производ што ефикасно ја подобрува деловната ефикасност во споделување датотеки, апликации за виртуелизација, управување со складирање на податоци и видео надзор во деловни средини, како и за домашни корисници со богата понуда преку мултимедијален сервисен центар.
Со седиште во Тајпеј, QNAP ги доставува своите решенија на глобалниот пазар со постојана иновација и страст.
Повеќе информации за овој бренд може дa погледнете на:www.qnap.com -
Red Hat
Red Hat е лидер во open-source solutions, познат по својата Linux дистрибуција на ниво на претпријатија како и cloud computing technologies.
Брендот се фокусира на иновации и безбедност, нудејќи комплетна поддршка и услуги за обука.
Неговата посветеност создава флексибилна ИТ средина, што го прави доверлив избор за бизнисите.Повеќе информации може да погледнете на: Red Hat – We make open source technologies for the enterprise
-
Seagate
Seagate Technology Holdings plc е американска компанија за складирање податоци. Таа беше инкорпорирана во 1978 година како Shugart Technology и започна со работа во 1979 година. Од 2010 година, компанијата е основана во Даблин, Ирска, со оперативно седиште во Фремонт, Калифорнија, САД.
Повеќе информации може да погледнете на: Leaders in Mass-Capacity Storage | Seagate US
-
Sophos
Sophos е истакната Cybersecurity компанија, специјализирана во endpoint protection, мрежна безбедност и управување со закани.
Нејзините иновативни решенија користат artificial intelligence and machine learning за да откриваат и реагираат на заканите во реално време.
Лесно употребливиот интерфејс на Sophos и сеопфатните безбедносни функции го прават идеален избор за бизниси од сите големини.Повеќе информации може да погледнте на: Sophos: Defeat Cyberattacks with Cybersecurity as a Service
-
Samsung
Samsung е една од најголемите и водечки глобални компании во светот, опфаќајќи различни индустрии и пазари, со намера да биде една од најценетите компании. Силата на компанијата доаѓа од способноста на нејзините вработени и технологијата што тие ја создаваат, а достигнувањата се основа на идниот напредок.
Во 1938 година, Биунг-Чул Ли (Byung-Chull Lee) започна сопствен бизнис во корејскиот град Таегу, кој првенствено беше насочен кон извоз на сувa риба, зеленчук и овошје од Кореја во Манџурија и Кина. За само една деценија, SAMSUNG создаде свое производство и продажба, и ова стана основа на модерна глобална корпорација која и денес го носи истото име.
Со понатамошен развој, SAMSUNG го замени увозот со домашно производство со основање нови компании, и со отворање на низа филијали во најважните светски центри, го прошири пазарот за извоз на своите производи и со тоа во 1950 година стана една од водечките трговски компании во Кореја.
Седумдесеттите години од минатиот век беа обележани со високи инвестиции за групацијата Samsung, која ги постави стратешките основи за нејзиниот иден раст. Помеѓу 1980 и 1988 година, со успешно развивање на чипот 64 K DRAM (Dynamic Random Access Memory) VLSI во декември 1983 година, SAMSUNG најпрво директно влијаеше на развојот на висока технологија исто и со воспоставувањето на Samsung Data System (SDS). Во 1985 година, тој стана лидер во ИТ услугите, вклучувајќи интеграција на системи, управување со системи, консултантски услуги и мрежни услуги. Таквиот фокус на технологијата во средината на 1980-тите доведе до уште еден клучен развој, а тоа е создавање на два института, за истражување и развој: Институтот за економски истражувања SAMSUNG (SERI) и Напредниот технолошки институт SAMSUNG (SAIT).За тоа време, 17 различни производи беа рангирани меѓу првите пет производи на глобалниот пазар, а другите 12 беа високо рангирани во своите области. Во областа на LCD, Samsung е неприкосновен светски лидер од самиот почеток.
Повеќе информации за овој бренд може да погледнете на: www.samsung.com | www.samsung.com/hr
-
Trina solar
Trina Solar е еден од водечките светски производители на соларни панели и напредни фотоволтаични решенија. Со повеќе од две децении искуство, компанијата е позната по својата иновативност, висока ефикасност и одржлив пристап во производството на соларни технологии.
Повеќе информации може да погледнете на: Solar for Home, Utility, and Commercial | Trina Solar US
-
Ulica Solar
Ulica Solar, основана во август 2005 година, е вертикално интегриран кинески производител специјализиран за производство на соларни ќелии и модули. Компанијата вложува во истражување и развој, поседувајќи 17 патенти, вклучувајќи ја и нивната N-type монокристална силиконска соларна ќелија, која е дел од Националната програма Torch. Ulica Solar нуди широк спектар на високо ефикасни фотоволтаични производи, како што се Black Jade Series и QIN Series, кои се применуваат од станбени покриви до големи електрани. Нивната посветеност на квалитетот е потврдена со меѓународни сертификати како што се CE, IEC, UL и ISO9001, а нивните производи се користат во повеќе од 100 земји ширум светот.
Повеќе информации може да погледнете на: Ulica Solar
-
Vivax
Vivax е еден од сопствените брендови на М САН Групацијата. М САН е овластен дистрибутер и ексклузивен застапник на Vivax програмата за Република Хрватска од 2003 година.
Vivax денес е горд носител на повеќе од 250 различни производи кои се продаваат во повеќе од 50 земји во светот. Vivax клима уреди, мали кујнски апарати, бела техника, аудио и видео, навигација, мобилни и таблети се само дел од производите со кои сакаме да ви го олесниме секојдневниот живот и да ги задоволиме Вашите дневни потреби од технологијата на 21век.Ние се грижиме за набавката да не е товар, туку едноставно задоволство. Бидејќи, вистинско задоволство е опремувањето на дневната соба, ТВ за деца или спална соба, ДВД и аудио уреди од производната линија Imago и Vox. Сите членови во домот може да имаат сопствен ТВ приемник, да ги гледаат своите омилени филмови на плазма или ЛЦД преку Vivax DVD плеер и домашно кино. Опремете ги детските соби со мини-линии Vivax Vox или преносни аудио уреди за секој да може да ужива во саканата музика.
Не го занемаривме ниту домаќинството. Програмата Vivax Home ќе ја задоволи секоја домаќинка при опремување на кујната. Без оглед на тоа кој фрижидер, шпорет, микробранова печка или мал апарат за домаќинство Vivax ќе изберете, ќе добиете издржлив и сигурен уред дизајниран со многу стил. Изберете уреди што одговараат на вашите потреби и ентериер. Уживајте во домот затоа што животот е дома.
Повеќе информации може да погледнете на: www.vivax.com
-
Western Digital
Western Digital е еден од пионерите во областа на складирање дигитални податоци и e еден од најголемите светски производители на хард дискови. Знаејќи дека сигурноста, безбедноста и издржливоста на зачуваните податоци не се важни само за корисниците, туку честопати се и клучни, основата на работењето на Western Digital е да ги чува податоците безбедно и сигурно на медиуми и да им обезбеди на корисниците супериорна поддршка.
Western Digital продава хард дискови ширум светот кои се користат за работа, лаптопи и мрежни сервери за складирање, како и во домашни електронски уреди (дигитални видео рекордери DVCR, дигитални сателитски и кабелски уреди итн.) И MP3 плеери или USB-дискови.
Производите на Western Digital се појавуваат во сериите WD Caviar, WD Raptor, WD Scorpio, WD Passport и My Book и се достапни во 2,5-инчни, 2,5-инчни и 1-инчни стандардни формати на уреди за складирање.
Повеќе информации може да погледнете на www.wdc.com и www.westerndigital.com

