М СAН Брендови

М СAН Група постојано инвестира во развој на сопствени брендови

Vivax e наш бренд кој е присутен повеќе од 16 години на нашиот пазар и пошироко. Vivax денес е горд носител на повеќе од 250 различни производи кои се продаваат во повеќе од 50 земји во светот. Vivax клима уреди, мали кујнски апарати, бела техника, аудио и видео, навигација, мобилни и таблети се само дел од производите со кои сакаме да ви го олесниме секојдневниот живот и да ги задоволиме Вашите дневни потреби од технологијата на 21век.

Посетете ја страната за VIVAX

MS е наш бренд со традиција повеќе од 14 години. Со повеќе од 250 различни производи MS нуди периферни решенија, кабли, дронови, компјутерски шасии и напојувања како и аксесоари за мобилни уреди, лаптопи и компјутери. Со постојан развој и инвестиција во нови производи со висок квалитет, MS e секогаш чекор понапред од својата конкуренција.

Посетете ја страната за MS

MSGW брендот е започнат во 2005 година. Од тогаш имаме стекнато долгогодишно искуство и експертиза во креирање, изработка и асемблирање на готови компјутерски решенија идеални за секоја намена и потреба.

Посетете ја страната за MSGW

MS ENERGY е наш бренд на електрични тротинети и велосипеди.  Во денешниот свет каде што мобилноста и екологијата дефинираат нов начин на живот, MS ENERGY дава одговори на вашите барања за одржливи, едноставни и паметни решенија за транспорт, за целосна е-мобилност. Присутен на хрватскиот пазар од 2019 година, денешната палета на брендот MS ENERGY е поделена во 2 категории: електрични скутери и електрични велосипеди.

Посетете ја страната за MS ENERGY

Производството на високо квалитетни LED светилки за професионална употреба под брендот LEDA е дел од портфолиото на продукти на МСАН Групацијата.
LEDA е насочена кон развој и производство на LED расвета за внатрешна и надворешна употреба.
Секој наш продукт е внимателно проектиран од нашиот тим, притоа земајки ги предвид сите електрични, оптички, термални и механички карактеристики, што резултира во доверлив, ефикасен и квалитетен производ.
Ова го поткрепуваме со бројните сертификати кои вклучуваат: ENEC, CE, IK10, IP67, EMC, LVD и др.
Покрај строгите правила при развој и производство, посебно внимание се посветува и на давање на советодавни услуги на сите наши партнери. Тим на квалификувани инженери ќе одговорат на сите ваши прашања, ќе пружат сеопфатна техничка поддршка и ќе пронајдат решенија соодветни за секој проект.
Изберете ги LEDA производите, ова ви обезбедува најдобар однос на цена и квалитет!

Посетете ја страната за MS LUX

Производство

Производство

Производството е стратешка определба на М Сан Групација. Благодарение на нашите производствени капацитети кој што се лоцирани во Ругвица, Хрватска, произведуваме големи количини на квалитетни компјутери и LED телевизори за потребите на нашите корисници.

Производствени предности:

  • Хрватски производи
  • Производи според сите EU стандарди
  • Контрола на квалитет на највисоко ниво
  • Квалитетни производи со атрактивен дизајн по пристапни цени
  • 84000телевизори годишно

  • 2500компјутери дневно

Контрола на квалитет

Производство на LED Телевизори

Vivax е бренд на М САН Групација од 2003 година, кој руши рекорди на нашите простори, Западна Европа, Африка и Јужна Америка. Како и со прозводството на компјутери, така и телевизорите се произведени согласно највисоки стандарди за квалитет во согласност со сите Европски стандардизации и сертификации. Вкупниот производствен капацитет е 84.000 парчиња годишно а дијагоналите варираат од 22 до 65 инчи.

Секој телевизор во производствениот циклус подлежи на ригорозни проверки и контроли за квалитет, каде што уредите се тестирани за сите функционалности. Производствениот погон вработува локални експерти со висока и стручна техничка спремност. Секој производ има сертификат за квалитет согласно EU стандарди. Брзината и иновациите инкорпорирани во секој Vivax телевизор обезбедуваат техничко решение согласно потребите на крајните корисници во Р. Северна Македонија, Адриа земјите од регионот, Европска Унија и пошироко.

Производство на компјутери

Нашиот производствен погон е одговорен за производство на целосно асемблирани компјутери и други компјутерски решениа и хардвер со прединсталација или можност на надградба на софтвер. Производството се одвива согласно сите протоколи за гаранција на највисок квалитет за склопени конфигурации, и нашите компјутери со нивниот дизајн гарантираат врвен изглед и квалитет согласно потребите на корисниците. Произведените компјутери имаат опција е за предефинирано или различно лого, припрема и принт, подготовка на тастатури локализирано за различни јазични подрачја, припрема, предпечатење и употреба на подготвени локализирани кориснички упатства.

М САН Група е производител и екслкузивен дистрибутер на MSG десктоп компјутери за кои имаме и автоматизирано производство во нашите членки во Хрватска и Србија.

Автоматизираното производство во нашата групација е уникатно за овој дел на Европа, поради можноста на производство до 1.000 компјутери дневно. Компјутерите се склопуваат и тестираат на полуавтоматизиран процес и производствена линија, која има можност за работа во две различни конфигурации: индивидуално производство и масовно производство.

 

Контрола на квалитет

Примарна задача на нашиот сектор за Контрола на Квалитет е проверка на квалитет на производи и брендови во сопственост на М САН Група и нејзините членки на групацијата, како што се MS, Vivax i MSG. Секторот за Контрола на Квалитет се грижи и за подготовка на сите потребни материјали и документи кои се правно потребни при претставување на новитети и нови производи на еден пазар. Мониторирање и супервизија на Контрола на Квалитет на произведени производи исто подразбира и тестирање на примероци пред да бидат пуштени и одобрени за финално производство. Секторот за Контрола на Квалитет издава техничка документација со препораки која содржи параметри кои мора да се употребат за секое тестирање на секој пилот производ поединечно, како и пропратна документација која ги содржи сите правни параметри согласно потребни закони за производство, дистрибуција и продажба на новите производи понатаму.

Privacy Overview
Pakom Macedonia

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.

Strictly Necessary Cookies

Strictly Necessary Cookie should be enabled at all times so that we can save your preferences for cookie settings.

3rd Party Cookies

This website uses Google Analytics, Google Ads, Facebook Pixel to collect anonymous information such as the number of visitors to the site, and the most popular pages.

Keeping this cookie enabled helps us to improve our website.