Enterprise одделот е самостојна организациска целина во Паком Компани, која дејствува како VAD (value added distributor), т.е. дистрибутер со додадена вредност. Со континуирано инвестирање во нови технологии, решенија и развој на дистрибутерски понуди со додадена вредност, на своите Партнери им обезбедуваме широка палета на ИКТ технологии, обезбедувајќи на тој начин постојана понуда на врвни решенија. За таа цел, Enterprise одделот обезбедува додадена вредност на нашите партнери преку организирање на тренинзи, обуки, едукации, како и комплементарни услуги и пред-продажна и пост-продажна поддршка.