Sophos е светски лидер во новата генерација на сајбер безбедноста кој работи со повеќе од 70.000 партнери и 100 милиони корисници во 150 земји. Пред повеќе од 30 години започна со производство на антивируси и производи за енкрипција, денес нивните производи ја заштитуваат мрежата на милиони корисници. Sophos е лидер во заштита од сајбер напади и нуди најнапредни решенија за заштита на софтверско и хардверско ниво. Sophos нуди широко портфолио на напредни производи и услуги со кои обезбедува заштита на корисниците, мрежата и крајните точки против рансовер, малвер, фишинг и друг широк опсег на сајбер безбедности.
