Пребарување

Внесете клучен збор

 

 

Сертификати

Паком Компани, водечка компанија во сегментот на дистрибуција на ИТ опрема и Потрошувачка Електроника во Р. Македонија, посветува особено внимание на својот развој и континуирано унапредување на квалитетот на услугите кои ги нуди на своите деловни партнери.

Резултат на тоа се низата добиени сертификати за време на своето работење, кои овозможија проширување на продукното портфолио на компанијата со реномирани светски брендови, а воедно и со зголемување на бројот задоволни деловни соработници.

Сертификатите со кои раполага компанијата се доделени, а воедно и верификувани од страна на едукативните центри на нашите претходни и сегашни партнери, на локално и меѓународно ниво.

Сертификатите се воглавно од техничка природа, но исто така и од аспект на квалитет.

Паком Компани во 2009 година, успешно се ресертифицираше и се стекна со сертификат за квалитет согласно меѓународните стандарди за квалитет ИСО 9001:2008 во областа на продажба, дистрибуција и сервис на ИТ опрема, Потрошувачка Електроника, компоненти и потрошен материјал.


Паком

E pluribus unum.
               Од многуте едно.

Станете партнер!