Пребарување

Внесете клучен збор

 

 

Новитети од продажбата

HP со нова класа сервери
  18.04.2013
HP со нова класа сервери

Новата класа сервери се дизајнирани за социјални, мобилни податоци, податоци во „облак“ и големо количество податоци
________________________________________________________
Денешните центри за големи количества податоци се приближуваат до критична точка каде понатамошниот раст е ограничен поради моменталната економија на традиционалната инфраструктура. Серверите HP Moonshot се првиот чекор што може да го преземат организациите за да се справат со овие ограничувања.
 
„Со речиси десет милијарди уреди поврзани на интернет и предвидувањата за експоненцијален раст, стигнавме до точката каде потребите на традиционалната технологија од простор, енергија и трошоци повеќе не се оддржливи. HP Moonshot го обележува почетокот на новиот стил на информатичката технологија што ќе ја смени економијата на инфраструктурата и ќе ги постави основите за наредните 20 милијарди уреди“ вели Мег Витман, претседател и извршен директор на „HP“. 
 1


Оваа иновација на „HP“ овозможува помала употреба на енергија, помал простор и помали трошоци.
 
Новиот HP Moonshot систем е сервер од втората генерација сервери од проектот на  „HP“ - Moonshot. Оваа нова класа сервери е создаден да се справи со ИТ предизвиците создадени од социјалните, безжичните податоци, податоците во облак и големите количества податоци. Серверите HP Moonshot  се направени од чипови кои често се користат кај паметните телефони и таблетите, со што  овозможуваат намалена употреба на енергија и „футпринт“ со висока густина и тоа, за значително пониска цена.
 
Од просторен аспект, бидејќи овозможуваат поддршка до 1.800 сервери по полица, серверите HP Moonshot заземаат една осмина од просторот кој е потребен за традиционалните сервери. Ова нуди привлечно решение на проблемот со просторот на центарот за физички податоци.
 
„Како доставувач на услуги во „облак“, забележуваме нови можности што произлегуваат од развојот на виртуелизацијата на десктопот и паметните уреди. Компјутерската моќ и скалабилност на HP Moonshot 1500 ќе овозможи да развиеме нови начини за интеракција со нашите клиенти и да се истакнеме со нови иновативни услуги, а притоа да заштедиме на трошоците. Ќе може поефикасно да го забрзаме развојот на бизнисот, без да има потреба да се грижиме за повеќе простор за полици и користење енергија“, вели Ден Сатерленд, извршен директор во „Каренца“ (Carrenza).
 
Новиот сервер HP ProLiant Moonshot, што треба да биде пуштен во продажба во втората половина на 2013, ќе ги поддржува новите веб средини, средини во „облак“ и средините со огромен размер, како и аналитика и телекомуникација. Идните сервери ќе бидат наменети за работа на компјутер со високи перформанси со големи количества податоци, играње игри, финансиски услуги, генетика, препознавање на лица, видео анализа и други апликации. 
 
„Соочени со ограничувања во поглед на енергетската ефикасност и аналитичката компјутерска способност да се поддржат светските водечки истражувања во областа на геонауката, навистина имаме потреба од технолошките иновации на водечките компании како HP. Иновациите како што е HP Moonshot Innovations влеваат доверба дека инфраструктурата може да продолжи да се развива за да ги задоволи суштинските ненаситни барања – сето тоа со помалку енергија, помал „футпринт“, зголемена интеграција и помали трошоци“ вели Крис Хил, главен инженер за истражување во Технолошкиот институт во Масачусетс и копретседавач на Поткомитетот за истражување и образование, „Масачусетс грин хај перформанс компјутинг“ (Massachusetts Green High Performance Computing).
 
HP Информатичката технологија ги спровела серверите HP Moonshot да ја поддржуваат средината hp.com , што добива околу три милиони посети на ден.
 
„Резултатите од тестирањето покажуваат дека со серверите Moonshot можеме да очекуваме hp.com да функционира со енергија што соодветствува на десетина сијалици од 60 вати, што претставува револуционерно откритие. Возбудени сме поради овие резултати и планираме да го развиеме Moonshot во поглед на дополнителни апликации што ќе го води новиот бран на трансформации во центарот за податоци.,“вели Џон Хиншо, извршен потпретседател на Одделот за технологија и операции во „HP“.
 
Исто така, „HP“ воведе подобрена партнерска програма и нови услуги кои ќе го забрзаат развојот на иновациите во оваа нова класа сервери. Овие вклучуваат:
 
HP Pathfinder Innovation Ecosystem – вклучува приближно 25 продавачи од Силиконската долина, развивачи на оперативни системи и независни продавачи на софтвер посветени на брзиот развој на нови сервери кои поддржуваат различни работни задачи.
HP Moonshot Concierge Services – ги вклучува HP Discovery Labs и HP Technology Services support and consulting  решенија за миграција на платформата и енергетска ефикасност.
 
Повеќе информации за HP Moonshot може да најдете на TheDisruption.com или преку HP Moonshot видео соопштението.


Паком

E pluribus unum.
               Од многуте едно.

Станете партнер!