Земајки го предвид фактот дека Lenovo ја започна 2010-та година со презентирање на нови модели, може да се заклучи дека и понатаму го продолжува истиот тренд воедно претставувајќи го новиот модел на нетбук IdeaPad S10-3t.Новиот модел од серијата IdeaPad претставува вистинско изненадување. Моделот S10-3t е нетбук со 10" екран, 16:9 формат кој е осетлив на допир, а воедно истиот може да се ротира со што воедно се добива и таблет преносен компјутер!Располага со Intel Atom N450 процесор, до 2 GB РАМ меморија и тврд диск со капацитет до 320 GB, во зависност од конфигурација, како и со 2 USB порта, VGA port, LAN, WLAN, Bluetooth - во зависност од моделот.Новиот модел IdeaPad S10-3t е со оперативен систем Windows 7 Home Starter и Lenovo Natural Touch софтвер за управување со допир. Во зависност од желбите на идниот корисник на располагање се два модели на батерии и тоа 4-келијна батерија (до 4 часа) или 8-келијна батерија (до 7 часа).
E pluribus unum. Од многуте едно.