Пребарување

Внесете клучен збор

 

 

Philips

Темелите на една од најголемите компании за електроника во светот се ставени во Ајндохвен, Холандија, во 1891 година.

Philips започна со изработка на светилки со јаглеродна нишка, и  на преминот во новиот век, беше еден од најголемите производители во Европа. Со развојот на новите технологии на светилки, како дел од долготрајната програма за развој, во 1914 година беше основана истражувачка лабораторија за проучување на хемиските и физичките фактори и за стимулација на иновации во производите.

Во 1918, ја претставија медицинската цевка со рентгенски зраци. Ова го означи почетокот на разновидноста на палетата производи, како и моментот кога започнаа своите изуми да ги заштитуваат со патентирање, во области од рентенски зраци до радиоприем.

Во 1925, Philips беше вклучен во првите експерименти со телевизијата, и во 1925, како и во 1927, започна со производство на радиоприемници; до 1932, имаше продадено повеќе од еден милион од нив. Една година подоцна ја произведе 100-милионитата радиоламба, и започна со производство на медицинска рентгенска опрема во Соединетите Држави. До 1939, кога го лансираше првиот Philips електричен апарат за бричење, компанијата имаше вработено 45,000 луѓе низ целиот свет.

Науката и технологијата доживеаја огромен развој во текот на ‘40-ти и ‘50-те  години, кога Philips Research ја констриураше ротирачката глава која водеше до развој на Philishave електричниот апарат за бричење, и ја постави основата  за подоцнежните достигнувања кај транзисторите и интегрираните кола. Компанијата даде огромен придонес во развојот на снимањето, преносот и репродукцијата на телевизиските слики. Во 1963 ги претстави Compact Audio касетите. Во 1965, ги произведе првите интегрирани кола. 

Напливот на нови возбудливи производи и идеи продолжи и во текот на ’70-те години. Истражувањата во осветлувањето придонесоа во конструирањето на новите PL и SL „штедливи“ светилки, додека Philips Research направи клучен напредок во процесирањето, чувањето и преносот на слики, звук и податоци. Тоа водеше до изумот на LaserVision оптичкиот диск, компакт дискот (CD) и оптичките телекомуникациски системи.

Во 1972, компанијата ја основа PolyGram, неверојатно успешната музичка компанија. Во 1974, ги презеде Magnavox и во 1975, Signetic, двете во Соединетите Држави.  Достигнувањата во ’80-те ги вклучуваат  телевизискиот концерн GTE Sylvania и Westinghouse бизнисот со светилки. Потоа, во 1983, дојде до технолошката пресвртница: лансирањето на компакт дискот (CD). Другите важни настани од тоа време ги вклучуваат производството на 100-милионитиот  Philips телевизор во 1984 и, во 1995, 300-милионитиот Philishave електричен апарат за бричење.

-‘9-те беа деценија на значајни промени за Philips. Компанијата изврши огромна програма на реструктуирање за да се врати на здрави нозе, поедноставувајќи ја структурата и намалувајќи го бројот на деловни полиња. Во 1997, во соработка со уште некои компании, и врз основа на успехот на технологијата за компакт дискови (изум на Philips претставен во соработка со Sony), го претстави производот кој стана најбрзорастечки електронски производ за домаќинствата - DVD .

Преминувајќи во 21. век, Philips продолжи со растот и со промените. Свесни дека за многу луѓе пред сè се производители на електроника, се посветија на проекција на нов, порепрезентативен  имиџ кој ги отсликува производите кои ги нуди во областите  здравство, животен стил и технологија . Во 2004, ова го реализираа  со масовна рекламна кампања за да се открие новата марка која ветува „осмисленост и едноставност“ и компанијата ја потврди определбата на купувачите низ целиот свет да им нуди производи кои се напредни, едноставни за употреба и, над сè, дизајнирани според нивните потреби. 

Во септември 2006, Philips продаде 80.1% од својот бизнис со полупроводници на конзорциум на приватни партнери. Ова ја постави основата за нова силна и независна компанија, наречена  NXP, која беше основана врз наследството од 50 години иновации во срцето на Philips. Продажбата претставува  натамошен патоказ во нaшиот премин од   циклични активности во изградба на уште посилна компанија, фокусирана на здравството, животниот стил и технологијата, поставена врз нашиот бренд кој ветува „осмисленост и едноставност“ .

Во септември 2007, Philips го донесе својот Визија 2010 стратешки план за натамошен раст на компанијата чија цел е зголемена профитабилност. Како дел од Визија 2010, организациската структура беше поедноставена до 1 јануари 2008, со формирање три сектори: Healthcare (здравство) , Lighting (Осветлување) и Consumer Lifestyle  (животен стил на потрошувачите). Овие чекори и понатаму го поставуваат  Philips како компанија мотивирана од пазарот и насочена кон луѓето, со стратегија и со структура која сосема ги отсликува потребите на базата потрошувачи. Преку Визија 2010, Philips  очекува повеќе од двојно зголемување на бруто приходот од акција до 2010 (во споредба со очекуваното остварување во 2007).

Здравство

Секторот Здравство вработува приближно  33,000 луѓе низ целиот свет и работи во следните деловни области: Системи за сликовна дијагностика, Home Healthcare системи, Услуги за потрошувачите, Healthcare информатика и Ултразвук& Мониторинг производи. Има организации за продажба и сервис во повеќе од 60 земји и производство во Холандија, Германија, Финска, Израел и САД. 

Осветлување

Секторот Осветлување вработува приближно  55,000 луѓе низ целиот свет и работи во следните деловни области: Светилки; Професионалини светилки& системи, Светилки&системи за домаќинствата, Електроника за осветлување; Automotive, Полупроводнички модули, ЛЕД и специјално осветлување апликации. Има организации за продажба и сервис во повеќе од 60 земји и производство во Холандија, Белгија, Франција, Германија, Велика Британија, Полска, САД, Мексико, Бразил, Индија, Индонезија, Тајланд, Кина и Јужна Кореја. 

Животен стил на потрошувачите

Овој сектор вработува приближно  25,000 луѓе низ целиот свет и работи во следните деловни области Connected Displays, Видео& Мултимедија, Аудио & Мултимедија, Домашни мрежи,  Периферни уреди & Додатоци, Апарати за домаќинство, Бричење& Убавина и Здравје&Релаксација. Има производствени операции во Холандија, Белгија, Франција, Унгарија, Австрија, Полска, САД, Бразил, Аргентина, Мексико, Кина и Сингапур. 

Паком

E pluribus unum.
               Од многуте едно.

Новитети

Станете партнер!