Пребарување

Внесете клучен збор

 

 

Panasonic

Еден од водечките производители на електроника во светот
Panasonic се гордее што е еден од водечките светски производители на електроника. Не само што произведуваме DVD плеери, телевизори и многу други производи во кои уживаат милиони луѓе, туку сме и снабдувачи со електронски компоненти. Од мали полупроводници, до DVD-ROM за компјутери, или рамни плазма екрани, инженерите на Panasonic секогаш одат напред во технологијата. Всушност, многу компании ја користат нашата висока и брза стручност во производството и знаењето како да се направи уште подобар производ, што е само еден начин повеќе на кој Panasonic го подобрува начинот на живеење низ светот.
Panasonic не е само водечки производител во електронскиот хардвер, тој исто така е еден од најголемите светски производители на DVD софтвер за забава. Растечкото последно достигнување, погонот на Panasonic за копирање дискови во Торенс, Калифонија, обезбедува голем дел од DVD видео дисковите кои Американците секојдневно ги носат во своите домови.
Обврзани на квалитет, вредност и иновативност, ви носиме идеи за животот
Визијата на Panasonic за дигиталната иднина е мотивирана од потребите и барањата на нашите деловни клиенти и милионите потрошувачи низ светот кои секојдневно користат наши производи. Го делиме нивниот сон за поисполнет живот обезбедувајќи начини за поумно работење и уживање во придобивките од технолошкиот напредок.

Додека напредуваме заедно со нашите потрошувачи во неиспишаната иднина на 21 век, со можност за нови технологии и системи кои допрва треба да бидат изумени, стандардите на Panasonic сè уште се цврсто втемелени со филозофијата на основачот на компанијата Коносуке Мацушита. Тој го започна нашето патување во 1918 со создавањето на двоен прицврстувач на светилики. Длабок по своето значење, а сепак елегантно едноставен, пробивот на Коносуке Мацушита водеше до тоа што сега е најголемата компанија во светот за електроника. Додека ја создаваше Matsushita Electric Industrial Co., Ltd., никогаш не ја изгуби од предвид важноста од ставањето на потребите на потрошувачите и јавноста на прво место.
Panasonic продолжува со традицијата Потрошувачот на прво место во создавањето нови производи кои ги решаваат предизвиците во деловниот и приватниот живот, помагајќи ни да уживаме повеќе во тоа што го нуди животот. Името Panasonic е синоним за иновативност, квалитет, перформанси и едноставна употреба. Со радост ја очекуваме блескавата технолошка иднина, како и нашето водство во дигитално поврзаното општество, движено од креативноста и посветеноста на нашите вработени тука и низ целиот свет.
Вештина во техниката и маркетингот
Популарниот DVD формат е одличен пример на вештината на техниката и маркетингот на Panasonic. Panasonic разви многу од клучните технологии кои го овозможија DVD, форматот која сега ги преобразува индустријата за домашна забава и компјутерската индустрија. Нашите инженери ја земаа таа технологија од лабораторијата и создадоа висококвалитни компоненти со ниски цени. Истовремено, ја искористивме нашата стручност во уреди за чување податоци за да ги направиме DVD дисковите реалност.
За нашите напори во врска со DVD, ја добивме Техничката Emmy награда од ТВ индустријата. Иако сме горди на наградата, не нè запре во технолошкото напредување. Panasonic прв презентираше DVD за снимање наменет за персонални компјутери и оди напред со DVD плеери за снимање наменети за видео ентузијастите. А ова е само почетокот.
Нашите инженери одговараат на предизвикотk
Како што се движите низ веб-страната на Panasonic, брзо ќе забележите широк асортиман на производи наменети за потрошувачите, бизнисот, индустријата и емитирањето. Деловните клиенти, гледајќи ја големата стручност, бараа од нас да обезбедиме цел систем решенија за сите нивни потреби од електрониката. Нашите инженери одговорија на предизвикот. Ова станува растечка област на компанијата, бидејќи технологијата станува пософистицирана и сеприсутна. Без разлика дали е огромен хотел, стадион или транзитен систем на метропола, Panasonic ги исполнува барањата на клиентите.
Повеќе информации на www.panasonic.com  

Паком

E pluribus unum.
               Од многуте едно.

Новитети

Станете партнер!