Пребарување

Внесете клучен збор

 

 

Sun Microsystems

Од јуни 2008 год. М Сан Група е овластен дистрибутер на асортиманот на производи SUN и во иднина во својата понуда ќе ги дистрибуира SUN Microsystems производите на подрачјето на Хрватска, Србија, Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија и Албанија. Понудата се состои од технолошки решенија за десктоп системи, x64 сервери, системи за снимање на податоци, како и софтверко портофолио, вклучувајки ги и „Thinclient“ системите.

Компанијата SUN Microsystems е формирана 1982 година, со 34 илјади вработени низ целиот свет. Претставува една од највлијателните ICT светски компании, лидер во областа на технологијата за потхранување податоци, со решенија за достапност на податоците, сигурност и виртуализација. Со своите услуги и решенија таа е присутна во сите гранки на индустријата, а нивното мото „Мрежата е компјутер“, никогаш не било порелевантно од денес.

Sun Microsystem Inc. развива технологија која е водечка на глобалниот пазар, и го спроведува мрежното учество со помош на делење иновации, развој на заедниците со големи вложувања во „open source“ изворите, кои ги смалуваат вкупните цени на производите и наметнуваат таков начин на работа како стандард.

SUN овозможува од разноликост на софтверите, составите, услугите, и микроелектрониката која ја движи потрошувачката електроника, до алати за развијање на апликации, кои пак се моментално најсилните data centre решенија.
Од најпознатите SUN производи се истакнуваат: Java технолошка платформа, Solaris оперативни системи, MySQL database management системи, StorageTek и UltraSPARC процесори.

Низ поддршката и услугите, потрошувачите и индивидуалните програмери, се во ист ранг на најголемите глобални корпорации. Нивните мрежни компјутерски платформи се користат скоро во сите сегменти на општеството и стопанството и се двигатели на некои од светските познати претражувачи, социјални мрежи, забави, финансиски услуги, производство, здравство, продажба, вести, енергетски и инженерски компании.

Секојдневно, компаниите и владите низ светот остваруваат приход со користење на Sun-oвата технологија и водењето на работите,а нивните решенија и работната пракса овозможуваат подобри перформанси со импозантно смалена потрошувачка на енергија, енергија за ладење и потребата од простор.

Sun создава производи и услуги кои штедат време и пари за оние кои бараат технологија за креирање прилики. Денес повеќе од било кога: Мрежата е компјутер.

Некои факти за Sun:
  • вработени 34,440 во 160 земји низ светот
  • 11,000 иновации +патенти
  • 2 милијарди долари годишно вложени во развој и истражување
  • 11.5 милиони Solaris лиценци
  • 6 милиона Java развојни програми
  • Една од навлијателните ICT светски компании
  • Лидер во подрачјето на технологијата за потхранување податоци
  • Годишен приход од 13.8 милијарди долари

На интернет: www.sun.com