Пребарување

Внесете клучен збор

 

 

Lenovo

Во 1984год. единаесет ИТ експерти од Пекинг имаа визија да создадат компанија која на крајниот корисник ќе му ги донесе предностите која ги нуди IT технологијата, на сите типови на компјутерски платформи – а првенствено на корисниците на кинескиот пазар. Во изнајмен простор е создадена компанијата Legend, создавајки нова страница на пазарат на персонални компјутери во Кина, како прва компанија која им ги претстави кинеските компјутери на домашниот малопродажен пазар.

Наскоро Legend  ја разви Legend Chinese Character Card, која ги преведуваше англиските називи во оперативните системи во кинески знаци, како резултат на тоа влијаеше на животите на милиони кинески граѓани со што им овозможи секојдневно користење на персоналниот комјутер.

Од 1994 год. акциите на Legend се присутни на берзата во Хонг Конг, а од 2003 год. го менува своето име во Lenovo (“Le“ од Legend, a “novo“ од латинскиот збор “novi“ кој го одржува иновативниот дух на оваа компанија).
Како резултат на забрзаниот развој на компанијата, Lenovo од 1996 год. е водечка IT компанија во Кина, која држи 25% од пазарот (2004. год.)

Со припојувањето на двете визионерски компании, како резултат на купувањето на  IBM  Personal Computing Division (PCD) од страна на Lenovo, стана една од водечките копмпании на глобално ниво, со приход од 13 милијарди USD годишно, а воедно е и со глобалното производство, продажба, сервис и финансиска мрежа како и со палетата на технолошките производи и решенија за бизнис корисници и мали корисници.    


Повеќе информации на www.pc.ibm.com/ww/lenovo/procurement/  

 

Паком

E pluribus unum.
               Од многуте едно.

Станете партнер!