Пребарување

Внесете клучен збор

 

 

Samsung

SamsungМ Сан Група чија членка е и Паком Компани е овластен дистрибутер на SAMSUNG IT производната опрема за Република Хрватска од 2000 година.  

Samsung е една од најголемите водечки и глобални технолошки компании во светот, кои покриваат различни индустрии и пазари, со намера да бидат една од најценетите компании сопрепознатлив бренд. Јачината на компанијата извира од способноста на вработените и технологијата која ја создаваат, а постигнувањата се темел на идниот напредок.

Byung-Chull Lee во март 1938 година во кореанскиот град Taeg започнал сопствен бизнис кој првенствено бил насочен на извоз на сушена риба, зеленчук и овошје од Кореја во Манџурија и Кина. Во текот на едно десетлетие SAMSUNG го создаде своето производство и продажбата, а тоа стана и темел на модерната глобална корпорација која и денес го носи истото име (5 ѕвезди).

Во понатамошниот развој, SAMSUNG со основање на нови компании увозот го замени со производство во земјата, а отворањето низа подружници во најважните светски средишта, го прошири пазарот за извоз на своите производи и така веќе во 1950 година стана еден од водечките трговски компании во Кореја.

Седумдесетите години за концернот на SAMSUNG биле обележено со врвни инвестиции со што беа поставени стратешките темели на неговиот иден пораст. Во периодот од 1980 до 1988 година SAMSUNG со успешниот развој  на VLSI чипот од 64 K DRAM (Dynamic Random Access Memory) по прв пат се најде во улога на концерн кој директно влијае на развојот на високата технологија, а со воспоставувањето на Samsung Data Systema (SDS) во 1985 година, стана лидер во ИТ услугите, вклучувајќи ги и ситемските интеграции, консалтингот и мрежните услуги. Таква насоченост кон технологијата во средината на 80-ите довела до уште еден клучен развој, а тоа е создавање на два институти, за истражување и развој: SAMSUNG Economic Research Institute (SERI) и SAMSUNG Advanced Institute of Technology (SAIT).

По смртта на Byung-Chull Lee неговиот син наследник Kun-Hee Lee, кој по повод пеесетата годишница од основањето на SAMSUNG во 1988 година најави пресврт во работењето насочувајќи го порастот на SAMSUNG кон 21 век. Со донесувањето на New Management програмата во 1993 година формирана е одлучноста SAMSUNG да креира производствен врвен квалитет, кој би бил директен допринос за глобалното друштво. Во тоа време 17 различни производи сврстени се меѓу првите пет производи на глобалниот пазар, а останатите 12 биле високо рангирани во своите сегменти. Во сегментот на LCD-ата, SAMSUNG е неприкосновен светски лидер од самиот почеток.   
 
Некои податоци за Samsung:  

  • вредноста на Samsung brandname-от е преку 10 милијарди долари (според мерењето на Interbrand corp.)
  • повеќе од 250 000 вработени во целиот свет 
  • преку 13 000 инженери во истражувачките тимови
  • спаѓа помеѓу 50 најголеми концерни во светот

  
 Повеќе информации на: www.samsung.com 

Паком

E pluribus unum.
               Од многуте едно.

Станете партнер!