М Сан Група чија членка е и Паком Компани е овластен дистрибутер на производите на Logitech за Република Хрватска од јануари 2004 година.
Производите на Logitech ни ја олеснуваат работата, забавата и комуникацијата во дигиталниот свет.Компанијата е основана 1981 година, и во своите производи комбинира најважни технологии, постојани иновации, често наградуваните дизајни и пристапни цени.
Седиштето на компанијата е во Fremont, сојузната држава Калифорнија во САД. Регионалните седишта им се во Швајцарија, Тајван и Хонг Конг.
OEM од самиот почеток, а и понатаму е најважен елемент во работењето на Logitech-a. Настојувајќи да ги задоволи барањата на своите ОЕМ партнери, а меѓу нив се најважните светски асемблери на компјутери, Logitech нуди високо квалитетна дистрибуција и логистика во целиот свет, и воедно се труди да ги прилагоди условите на побраувачката и понудата.
Во текот на последните неколку години Logitech значително ја прошири понудата и го зголеми уделот на пазарот на крајните купувачи. Денес тој дел чиниповеќе од 80% од вкупниот промет на компанијата.
Некои податоци за Logitech:
- преку 4 800 вработени ширум светот
- минатогодишен приход од 409,50 милиони долари
- дистрибуција на хардвер воповеќе од 100 земји во светот
- водечки производител на безжични периферни компјутери базирани на радио технологија