Паком Компани членка на М Сан Група, од септември 2006 година е ексклузивен дистрибутер за графичките картички GeCube за Република Македонија.
GeCube е марка графички картички на тајванската корпорација Info-TEK, основана 1990 година. Корпорацијата се состои од четири фабрики кои се наоѓаат во Тајван и Кина. Спаѓа во кругот на елитни партнери како што се ATI-евите AIB (Add In Board) партнери, а уште повеќе во делот на AIB PCI Express партнерите! AIB партнерство можат да остварат само директните произведувачи на графички картички.
GeCube произведува и продава само графички картички и тоа исклучително базирани на ATI графичките процесори и дизајн. На референтните ATI модели неретко се додаваат специфични решенија како на пример поквалитетна меморија или појаки вентилатори. Токму ова во комбинација со пристапни цени ги прави популарни во светот. Ентузијастите и компјутерските фанатици кои се одлучуваат да купат средна или висока класа производи ќе бидат наградени со врвен квалитет на меморија, појак вентилатор, иновација како што е 2x DVI излез, првокласен софтверски пакети ...
Оваа компанија има поставено три цели, наведени како „3S Goals“:
- Strong creativity
- Straightforward
- Success!
Визија:
Да се стане прв избор за мултимедијални производи за 3D пазар
Мисија:
- Да се стане пионер во комплетната испорака на сигурни мултимедиски производи со високи карактеристики согласно барањето на пазарот.
- Базирано на најнова технологија, користејќи знаење и искуство за брзо претставување производи на пазарот, при тоа намалувајќи трошоци за интеграција, како и подобро управување со промените.
- Нашиот тим е фокусиран на мултимедиски производи со што се осигурува долготрајно задоволство на корисниците.
- Посветени сме на врвен квалитет на производите и навремена испорака на решенија.
- Ги слушаме барањата на корисниците и ги разбираме потребите на пазарот.
Стратегија:
- Брзо пуштање на производите на пазарот
- Задоволство на купувачите
- Лидерство во технолошките иновации
Повеќе информации на: www.gecube.com