Пребарување

Внесете клучен збор

 

 

D-Link

D-LinkОснован во 1986 година во тајванскиот Hsinchu Science Industrial Park, D-Link се развил во еден од водечките производители на мрежна опрема присатна на сите пазари. D-Link моментално има најголем удел меѓу производителите на безжична опрема во Евопа и Кина. На светско ниво зазема второ место во делот на SOHO/Home безжичната LAN опрема.

Слоганот на D-Link „Building Networks for People“ значи насоченост кон решенија за делење на пристапот на Интернет, размена на податоци, пренос на глас и видео по пат на wired или wireless мрежа, а најважно, на размена на идеи.
Инсистирањето за квалитет и највисоки технолошки стандарди меѓу другото им ги донесе и сертификатите ISO 9001, 9002, а подоцна и ISO 14001.

Основниот асортиман на D-Link го чини мрежната опрема, а остатокот, безжичните LAN уреди, опремата за комуникација, мрежните картички, медија конверторите, KVM свичевите, USB опремата, како и дигиталната домашна мултимедијска опрема.

Wireless LAN (WLAN) – опремата е алтернатива на класичното умрежување (каблирање). D-Link безжичните уреди компатибилни се со опремата на останатите проиводители, а со широката лепеза на производи овозможуваат лесна интеграција во постоечките мрежи (wireless или wired), како и изградбата на мрежи со различна топологија и барања.

Свичеви – LAN мрежите денес се комуникациска платформа која овозможува соединување на податоците, видео и гласниот промет. D-Link асортиманот на свичеви ги задоволува барањата на домашните корисници, помалите канцеларии и големите бизнис мрежи. Во понудата се наоѓаат и неконтролирани и контролирани, layer 2, layer 3, stackable или stand-alone свичеви. Уредите ги поддржуваат сите важни стандарди и протоколи.

Комуникација – основата на асортиманот ја сочинува понудата на ADSL/Cable рутерите. Од основните модели со интегриран 4-портен 10/100Mbps преклопник до моделот со поддршка за VPN имплементиран во hardware-от, па се до интегрирани wireless access point, и интегрирани print сервери. Во понудата се решенија и за пристап на Интернет по пат на ISDN или аналоген модем.

Сигурност на LAN мрежата – D-Link нуди сигурна заштита на вашите локални мрежи преку понуда на hardware-ски firewall уреди со интегрирана router функција, имплементирање на firewall функција на ADSL/Cable рутери, поддршка за VPN интегриран во hardware рутер, понуда на VPN Client software за сигурен пренос на податоци преку Интернет.

D-LinkНекои податоци за D-Link:  

  • 1988 година ги испорачува првите Ethernet адаптери
  • 1990 година на пазарот го пуштаат првиот Ethernet hub
  • 1995 година пристапуваат на Fast Ethernet Alliance
  • нјголем доставувач на unmanaged Ethernet hub-ови за 1997 година (Dataquest)
  • 1999 година рангирани се во првите 10 најпродуктивни networking компании
  • 2002 година се потпишува договор меѓу D-Link и Texas Instruments на подрачјето на развојот на wireless LAN уредите
  • 2003 година освојуваат трето место по уделот на пазарот во УСА за Gigabit LAN switch segment (Network World Fusion Magazine)
  • во првиот квартал на 2004 година D-Link освојува најголем дел од пазарот на светскиот Consumer networking connectivity пазар, каде испорачал преку 8 милијарди мрежни уреди (Synergy Research Group)


Повеќе информации на:  www.dlink.co.uk  |  www.dlink.biz  |  www.dlink.com.tw