Пребарување

Внесете клучен збор

 

 

Вредности на М САН Групата

ДОВЕРБА И ПОЧИТУВАЊЕ

Довербата и почитувањето – помеѓу соработниците и партнерите, се основа за квалитетен работен однос. Го почитуваме интегритетот и личноста на секој поединец, исто како што ги прифаќаме и различните мислења, култури и обичаи. Промовираме отворена комуникација. За остварување на нашата визија педеднакво е важен секој производ, услуга и пазар, како и вербата дека секој наш соработник и партнер можат да имаат доверба во нас. Како резултат на ова ние го негуваме и потикнуваме заедничкиот однос стекнувајќи доверба и почитување.

ОДГОВОРНОСТ

Своите ветувања кон нашите соработници и партнери ги исполнуваме во целост. Сите обврски и работни задачи ги завршуваме до крај, неочекувајќи некој друг да го стори тоа за нас, воочувајќи и решавајќи ги и оние проблеми кои сметаме дека е потребно да се решат, без претходно некој да не предупреди за тоа. Секој од нас е одговорен за себе и своите работни задачи, но и за успехот и добробитта на компанијата во целина – давајќи свој максимален придонес во работата при што изнаоѓаме најдобро остварливи решенија на задоволство на сите вклучени страни. Со ресурсите на компанијата управуваме согласно правилата на добар „газда“ и одговорно се однесуваме кон сите податоци до кои доаѓаме работејќи во М САН Групата.

ПРОАКТИВНОСТ

Да се биде проактивен значи да се биде претприемлив и со иницијатива, а истовремено и спремен на преземање ризик. Неопходно е да се се гледа напред како би се предвиделе потребите на нашите партнери со цел да се реагира навреме. Од нас се очекува проактивен однос према работата и самоиницијатива во решавање на работните задачи, а особено значајно е навремената реализација. Бидејќи времето е единствен извор кој не се обновува, како мерило за успех се смета вкупното време на реакција – од информацијата, преку одлуките, па се до конечниот резултат.

НАСОЧЕНОСТ КОН ПАРТНЕРИТЕ И КУПУВАЧИТЕ

Нашата ефикасност и ефективност се клучен фактор за поддршка на партнерите и купувачите во М САН Групата. Насоченоста кон партнерите и купувачите подразбира и развивање на нивната доверба, што се постигнува со проактивна работа, предвидувајќи ги нивните потреби и информации кои што им ги даваме без тие претходно да ги побараат од нас. Со цел да го постигнеме тоа, постојано ги следиме случувањата на пазарот, и активно пристапуваме кон нашите партнери, стремејќи се да М САН Групата биде нивен единствен избор.

РАЗВИВАЊЕ НА ТИМСКА РАБОТА И ДУХ

Развиваме чувство на заедништво и колегијалност во компанијата, водејќи се со правилото „Сите за еден – еден за сите“. Ова особено се однесува на пружањето стручна помош, размената на искуството и отворениот проток на информациите. Почитувањето на разликите и согледувањето на фактите, како и на ситуацијата од ралзични аспекти придонесува за подигање на работната и културната свест во М САН Групата. Го препозанваме и поддржуваме допринесот на соработниците, а успехот заеднички го славиме. Затоа, особено ја поттикнуваме и афирмираме тимската работа, целосната соработка и мултидисциплинарниот пристап во разни бизнис проекти и работни задачи.

ИНОВАТИВНОСТ

Со градење на М САН Групата започнавме од неодамна, и она што сме денес, е благодарение на нашата знатижелност, амбициозност, создавачкиот немир и прифаќањето на нови идеи. Новите проблеми за нас претставуваат предизвик на кој е потребно да му се пријде со отворен ум, при тоа пронаоѓајќи решенија и давајќи предлози за постојано унапредување на постојните процеси и процедури. Пронаоѓајќи нови начини за задоволување на потребите на нашите партнери, учењето и иновативноста, создаваме нови, дополнителни вредности.

ОРГАНИЗАЦИЈА КОЈА УЧИ

Стекнувањето компетентност е лична одговорност и обврска на секој од нас, а креативниот пристап на работата, отвореноста за нови знаења, предлози и искуства, како и способноста за содавање нови идеи, особено ги цениме и наградуваме. Развиваме и создаваме систем за евалуација на направеното, а воедно го менуваме она што не било добро, постојано ускладувајќи ги процесите и процедурите согласно промените кои постојано се случуваат. Меѓусебната размена на знаењето е од значителна важност како би се зголемило севкупното, организациско познавање – една од нашите најголеми вредности. Пренесувањето на знаење и искуство го поттикнуваме со соработка на сите вработени во специјалистичките и проектантските интердисциплинарни тимови, внатрешната мотивираност и соработката во разни работни процеси кои се пошироки од „куќичка“ – односно од нашето работно место. Сите ние, а особено раководството, должни сме да пружиме професионалност, човечка помош и поддршка во процесите на обука на нашите соработници.

ПОЗИТИВНА РАБОТНА СРЕДИНА

Се стремиме да го постигнеме она што го кажуваме и пишуваме, а тие темели мора да бидат во позитивна околина која секојдневно нè опкружува. Помеѓу другото, тоа вклучува и работниот простор да се одржува чист и уреден. За одржување на работен елан се водиме единствено со желбата за успех и достигнувања, а ги поддржуваме и искрените и позитивни колегијални односи, истие ги одобруваме, градиме и учествуваме во нив. Евентуалното незадоволство, лично го решаваме и тоа на ниво на кое истото се појавило, а на останатите членови од тимот и другите соработници во такви моменти дејствуваме позитивно и смирувачки.

БОГАТСТВО НА РАЗНОВИДНОСТ

Разновидноста ја доживуваме како богатство. Пазарите на кои делуваме се разликуваат економски, културолошки и во сестран смисол. Оваа разновидност ја прифаќаме со широко отворени раце и на неа одговараме со богатството на сопствената разновидност. Највредниот извор на М САН Групата се луѓето кои во себе носат различни искуства, знаења, вештини, идеи и желби. Тоа богатство е цврст темел на кој го градиме сопствениот успех и пораст. Во овој процес дејствуваме позитивно како на нас самите така и на нашите партнери и на друштвото во целина, при тоа ширејќи ги нашите вредности, создавајќи нови работни места и постојано постигнувајќи нови нивоа на квалитет во работењето.

 

Паком

E pluribus unum.
               Од многуте едно.

Станете партнер!