Пребарување

Внесете клучен збор

 

 

Историјат

Паком Компани е основан во 1991 година од страна на четворица IBM инженери како сервис на големи информатички системи.

Кон крајот на 1992 година се трансформира во фирма со ограничена одговорност и продолжува да работи во областа на сервисирањето, но веќе и на персоналните сметачи.

Главна дејност на Паком Компани е дистрибуција на ИТ опрема и потрошни материјали за компјутери и канцеларии на македонскиот и странскиот пазар.

Во 1994 година Паком Компани успешно заплови во водите на дистрибуција на производи на познати производители на магнетни медии, медии за чување на податоци, компјутерска галантерија и други, како и на потрошни материјали за периферна компјутерска опрема - принтери, и тоа:

  • Verbatim (1994)
  • Unicorn Lama (1994)


за да веќе во следните години започнат преговорите со други куќи. Како резултат на тоа во 1999 година дистрибуцијата се проширува и во полето на компјутерската технологија и мрежните решенија, благодарение на светски познатите производители на компјутери и периферна компјутерска опрема:

  • Hewlett Packard (1999)
  • Alcatel - Nexans (1999)

Со брзиот подем во секојдневното работење се отвора простор и за други реномирани куќи кои воедно го надополнуваа рангот на артикли што Паком Компани им го нудеше на своите комитенти. Така, во 2002 година дистрибуцијата се проширува и на полето на обезбедување секојдневна сигурност во работењето на компјутерските системи и работни станици овозможено со помош на следниве куќи:

  • Inform (2002)
  • ESTAP (2002)

Во истата 2002 година Паком Компани ја заокружува својата дистибуција во областа на компјутерската галантерија и производи за пишување, цртање и дизајн:

  • Case Logic (2002)
  • Univerzal (2002)

Потребата од проширување на палетата на производи во областа на компјутерските мрежи и мрежните решенија на македонскиот ИТ пазар на Паком Компани му овозможи да обезбеди нова дистибуција во оваа област, како и дистрибуција на лидерот во производството на материјали за презентации и заштита на печатени материјали:

  • Allied Telesyn (2002)
  • Unibind (2003)

Согласно барањата на пазарот за обезбедување квалитетни и напредни уреди за непрекинато напојување со електрична струја Паком Компани во 2004 година започнува со дистрибуција на реномираната Европска куќа:

  • Riello UPS  (2004)

Во истата 2004 година Паком Компани започнува со дистрибуција на на мемориски единици од познатиот тајвански производител Transcend.

  • Transcend(2004)

Согласно се поголемите потреби за заштита на компјутерската опрема за домашна или корпорациска употреба од компјутерски вируси и други “закани” кои се шират преку интернет или мрежата за мобилна телефонија, Паком Компани во 2005 година потпишува договор за продажба на производите на финската компанија за анти вирус и други производи за заштита F-Secure.

  • F-Secure (2005)

Покрај дистибуцијата на компјутерска опрема Паком Компани на македонскиот ИТ пазар познат е и како AWDP (Authorized Warranty Delivery Partner)  на реномираниот производител на компјутери и периферна компјутерска опрема Hewlett Packard.

 

Паком

E pluribus unum.
               Од многуте едно.

Станете партнер!